Одржување

Намирница која најмногу го одложува стареењето

Напишано од Нино

Наодите на американските научници од Универзитетот во Вашингтон укажаа на тоа дека состојките на брокулата можат да одложат некои типични знаци на стареење.

Експериментите спроведени на глувците покажале дека соединението наречено NMN (никотинамид мономуклеотид) може да ја одложи појавата на мускулно-коскени потешкотии кои се јавуваат во повозрасното животно доба и има позитивно влијание на функцијата на црниот дроб.

Освен тоа, NMN е поврзан со подобрувањето на метаболизмот, бавното редуцирање на густината на коските и со помалото слабеење на функцијата на очите на постари години.

Освен брокулата, намирници кои исто така се најдобри извори на NMN се и зелката и авокадото.

Denar.mk

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)