Задолжително

Наочари на затворено. Да или Не?

Напишано од Пјер

Наочарите се неизбежен аксесоар во летните месеци од годината. Тие се кул, модерни, и често ги носиме затоа што сакаме, а не затоа што мораме. Скоро секој модерен маж има од еден до три пара, како дел од неговиот репертоар. Еден за во кола, друг за на плажа, и трет како најмилена секојдневна опција. Овој третиов ви е толку јак и фраерски, што посакувате да го носите и некаде на затворено. Правилен потег или не?

Доколку не сте Џек Николсон, или некоја друга селебрити ѕвезда, тогаш наш совет е никогаш да не носите наочари на затворено, или навечер. Сепак овој моден потег проаѓа само кај големите селебрити фаци како Џек. Сепак, наочарите се аксесоар за надвор, за заштита од сонце, и за заштита на нашите очи. Се друго, е екстрем, кој не го прифаќаме.

За авторот

Пјер