Технологија

Наредната година ќе го имаме и првиот електричен Harley-Davidson

Напишано од martin

Уште во 2014 година, компанијата Harley-Davidson најави за новиот проект, а тоа е создавањето на електричниот мотор. Поминаа три години и немаше ниту трага ниту глас од брендот за оваа тема, но сега компанијата одеднаш најави дека во 2019 година, Harley-Davidson ќе го произведе првиот свој електричен мотор.

Пазарот на електрични возила е на почетокот, но се развива со голема брзина и постојано ни носи големи возбудувања на глобално ниво. Mark-Hans Richer потпретседателот и маркетинг експертот во фирмата изјавил дека овој проект кој е познат како LiveWire е нешто што голем број од клиентите на компанијата со нетрпение го очекуваат.

За авторот

martin