Бизнис совети

Не сакате да работите со луѓе? Ова се најдобрите професии за вас!

Напишано од Пјер

Без оглед која работа ја работите, неизбежно доаѓате во контакт со луѓе. Меѓутоа, постојат работни места на кои минимално комуницирате со луѓе. Ако таквата работа ви одговара, тогаш ова се најдобрите работни места за вас.

Работи кои се поврзани со животни – пчеларство, сточарство, лов и риболов

Постојат работи кои се однесуваат на одгледување на животните и кои во последениве години започнуваат да се промовираат и субвенционираат. Сигурно сте слушнале барем за еден млад и успешен човек кој ја напуштил напорната работа во центарот на градот и започнал да одгледува животни. Овие работни места немаат голем контакт со луѓе, а воедно и релаксираат.

Земјоделци

Одгледувањето на лешници и ореви може да биде многу добро платена работа. А во последно време е вистински хит. Земјоделството опфаќа одгледување на многу различни култури и воопшто не е лесно. Работата не е стресна и нема контакт со голем број на луѓе, но сепак зависи од многу фактори.

Економисти, сметководители

Овие професии почесто доаѓаат во контакт со дигитронот, парите, компјутерот и сметките отколку со луѓето. Прават извештаи, завршни сметки, па така бројките и плановите им се во прв план.

Програмери

Како што сте забележале и самите, повеќето програмери многу подобро се снаоѓаат во светот на компјутерите отколку во друштвото. За нив владее муабетот дека се асоцијални и дека со нив тешко се комуницира.

Писатели

Многу писатели, додека работат на некое свое дело, се изолираат на неколку недели или месеци од социјалниот живот. Иако контактот со луѓето како и односите во општеството се важни за пишувањето, сепак при работењето немаат директен контакт со многу луѓе.

Рачни изработувачи

Плетење, шиење, дизајн, кроење, изработка на накит, кукли и сл. Ваквите професии доаѓаат во контакт со луѓето, но не толку често како со иглите, материјалите, монистрата….

Ноќен чувар

Ваквиот вид на работа главно не бара контакт со никого. Ако сакате да бидете сами во текот на работното време, тогаш ова е идеалната работа за вас.

За авторот

Пјер