Задолжително

Неприфатливо однесување на деловните прослави

Напишано од Пјер

Иако можеби не ви се оди на деловната прослава, секогаш е добро да се појавите барем на половина час.

Дали тешко стекнатата репутација ќе се сруши поради неколку чашки виски, тоа зависи само од вас. Затоа, правилото е следното – не претерувајте со уживањето во алкохолот.

Свето правило е да се избегнат озборувањата, бидејќи вашиот колега „оној вообразениот кретен“ можеби седи зад вас. Експертите, според однесувањето, открија неколку типови на луѓе на секоја забава, без оглед на тоа каде работите. Избегнете ги негативните модели и „откачете“ само ако забавата е приватна.

Не бидете досадни

За да не ја заработите титулата досаден, на забавата во никој случај не зборувајте за работата, а не се фалете ни со своите деловни успеси. Темите треба да бидат лесни, забавни и пред се позитивни. Никој од колегите не сака да разговара за смислата на животот, тешката егзистенција, политиката или религијата, а овие теми водат и до конфликт.

Дежурен заводник

Сте се сомневале цела година дека е заводник, и како забавата се загрева, вашите стравови се остваруваат. Уште полошо е доколу вие сте мета на непримерното додворување. Обично започнува со пијалок, а завршува така што ќе ве изолира од колегите.

Срамежливи, танчери, подлизурковци

Цела година едвај се слушаат во канцеларијата, бидејќи тие се премногу срамежливи, а на забавата одеднаш ја откриваат својата дива страна. Се служат со туѓите пијалоци и несоодветно танцуваат со колегите од спротивниот пол.

Колеги кои едвај ја чекаат празничната забава за да им покажат на другите како се танцува, ни за момент не го напуштаат подиумот, бидејќи сметаат дека тие се главни на сцената.

Личностите кои лесно ќе ги забележите на забавата бидејќи се до шефот од својот сектор се подлизурковците. Тоа се оние личности кои се смеат гласно на глупавите шеги на шефот, оние кои ги фалат нивните деловни планови и оние кои весело потскокнуваат до барот со цел да му донесат нов пијалок.

За авторот

Пјер