Селебрити

Ноемвриска стилска инспирација на тимот на Friday.mk – Dave Franco

Напишано од Пјер

Dave Franco го обожаваме. Освен нас, големи фанови на младиот глумец се и Dior Homme, кои токму него го избраа за ново заштитно лице. Одличниот харизматичен глумец целосно ја заслужа оваа нова улога со неговиот стил на црвените теписи во Холивуд. Секогаш скоцкан, инспириран од големите ретро фраери како Стив Меквин.

Во последното негово интервју, Dave Franco, срамежливо открива и за неговата најголема модна грешка од минатото. Во колеџ, младиот глумец, бил толку многу зависен од неговите скинати фармерки, што ги носел додека скроз не се искинат. Сепак, сите ние имаме модни грешки на кои се срамиме  🙂

Следете го на Инстаграм

За авторот

Пјер