Омилени места

Нов Трговски Партнер на Lyoness кој е за почит – Хотел Александар Палас

Напишано од martin

Нов Трговски Партнер во Скопје!

Уживајте во прекрасниот амбиент на Хотел Александар Палас. Покрај хотелските услуги, новиот Трговски Партнер на Lyoness располага со ресторан, кафе бар, спа и фитнес центар, како и спортски игралишта.

Искористете го вашето слободно време уживајќи во сите содржини кои ги нуди овој хотел и добијте Cashback и Shopping Поени.

Хотелот Александар палас е водечки хотел во Македонија, кој е сместен на десната страна на реката Вардар, во близина на Градскиот парк, оддалечен само 3 км од центарот на градот, во непосредна близина на најзначајните административни, културни и историски објекти.

Хотелот располага со 135 климатизирани соби вклучувајќи и 22 апартмани: јуниор , егзекутив и претседателски апартман. Сите соби се комплетно опремени со: директна телефонска линија, 32” and 42” лед смарт ТВ (LED Smart TV), сателитска и кабловска ТВ, брз безжичен интернет, приклучок за интернет, мини-бар и сл.

Исто така, хотелот располага со модерен конгресен и банкет-центар, составен од мултифункционални конференциски сали со капацитет од 1800 седишта и 4 помали сали со целосна техничка опрема за бизнис состаноци.

Ресторанот „а ла кард“ и аперитив-барот нудат богат избор на национални и интернационални специјалитети и широк асортиман на висококвалитените локални вина на винарницата Сковин.

Во хотелот има СПА и фитнес-центар со современа опрема за фитнес, внатрешен базен, сауни, парна бања и џакузи. За љубителите на спортот хотелот поседува 6 тениски терени со тврда подлога (plexicushion) и 2 терени за кошарка.

Хотелот има гаража со капацитет од 40 возила и голем простор за паркирање пред влезот.

За авторот

martin