Пијалоци

Новиот Macallan го става акцентот на аромата

Напишано од martin

Чуството за мирис е составен дел од искуството во уживањето во вискито, а најдобриот доказ се крие во single malt вискито – Macallan. Овој бренд важи за еден од најпознатите во производство на шкотско виски, а денеска ќе ви ја претставиме новата варијанта The Highland Single Malt Scotch Whisky.

За да го подобрат своето виски, овој бренд склучи соработка со мајсторот за парфеми и историчарот, Рохом Дов. Во ова ново издание, вискито доаѓа со ароми на ванила, бурбон, цветни ноти, зелена јабука и овошна торта.

 

За авторот

martin