Автомобили

Новиот Porsche Cayenne е веќе омилен

Напишано од martin

Фотките јасно покажуваат дека автомобилот добил еволутивни промени во својот дизајн. Нова е решетката на ладилникот со поголеми отвори за воздух, како  и потенките LED дневни светла. Покривот, исто така, е променет за да му се даде по спортски изглед на кросоверот. Растојанието помеѓу двете оски е исто така зголемено. Значителни промени се забележани и во задниот дел на моделот. Тој добил нови задни пропорции, кои во голема мера ги повторуваат оние на караванската Porsche Panamera Sport Turismo, претставена претходно оваа година.

SUV изведбата, исто така, може да се пофали со сосема нов ентериер со голем број високотехнолошки карактеристики. Во ентериерот има нов волан со три крака, елементи од дрво и нова комбинација на инструменталниот панел, кој веќе е дигитален. Постои нов систем за информации и забава.

Официјални податоци за моторите што ќе добие новото Porsche Cayenne, засега нема. Весникот забележува дека на почетокот на продажбата автомобилот ќе се нуди со V6 мотори, со моќ од 330 и 440 КС. Во подоцнежна фаза возилото, изградено на платформата MLB Evo, дело на Volkswagen Group, ќе биде опремен и со хибриден агрегат.

Превзеено од avtoplus.mk

За авторот

martin