Најново

НОВО ПАРТНЕРСТВО! Почеток на VELUX EHF FINAL4 Cashback Програмата

Напишано од martin

Отсега, сите фанови на ракометот можат да уживаат во многубројните онлајн и офлајн шопинг предности благодарение на VELUX EHF FINAL4 Cashback Програмата.

Официјалниот старт на VELUX EHF FINAL4 Cashback Програмата е истовремено со самиот настан VELUX EHF FINAL4, кој ќе се одржи од 2 до 4 јуни 2017 г. во LANXESS арената во Келн.

Регистрацијата за VELUX EHF FINAL4 Cashback Програмата ќе се одвива на самиот настан. Фановите ќе добијат брендирана VELUX EHF FINAL4 Cashback Card или пак во дизајн на нивниот омилен клуб – Barcelona Lassa (Шпанија), Telekom Veszprém (Унгарија) или РК Вардар (Македонија).

Отсега, сите фанови на ракометот од овие држави како и од Германија имаат пристап до шопинг порталот cashback.ehffinal4.com на нивниот јазик.

Регистрирањето во VELUX EHF FINAL4 Cashback Програмата на самиот настан нуди огромни предности – FAST LANE (брз ред) за претпродажба на картите за VELUX EHF FINAL4 2018 кои инаку брзо се распородаваат.

Освен тоа, сопствениците на VELUX EHF FINAL4 Cashback Card имаат можност да учествуваат во безброј наградни игри, во кои може да се добијат влезници за VELUX EHF FINAL4 во 2018 година.

За авторот

martin