Мода

Од фудбал во модниот свет. 5 модни икони во светот

Напишано од martin

Големите фудбалски ѕвезди имаат обично и голема љубов кон модата. Па поради тоа има и голем број на фудбалери кои што после нивната кариера, навлегле во модната индустрија.

Дејвид Бекам

Некогашниот фудбалер, денеска важи за еден од навлијателните луѓе во модата. Освен што фановите го следеа во фудбалот, многу од нив го следат и неговиот стил. Со текот на времето тој стана омилен лик за светските модни дизајнери, а денеска е познат по соработката со брендот H&M во која и сам си дизајнира свои модни парчиња. Иако тој сега е во пензија, тој заработува огромна сума на пари од спонзорствата.

Кристијано Роналдо

Неговиот моден бренд CR7, по неговот појавување произведуваше долен веш, а денеска е со проширен асортиман на модни парчиња. Поради неговото фитнес тело, тој е совршен за насловна страница и како главно лице во модните кампањи.

Рио Фердинанд

Познатиот дефанзивец, уште на прв поглед може да се види дека е љубител на модата. Тој има свој сопствен бренд кој се вика #5 и е познат по уличниот стил. Тој активно учествува во процесот на дизајнот.

Фреди Љунберг

Не можат многу да се пофалат дека прва соработка имале со бренд како што е Calvin Klein, но за тоа дефинитно може да се пофали Љунберг. Тој дури е запаметен како најдобар модел кој некогаш го имале за долната облека.

Хидетоши Наката

Тој важи за најпознатиот азиски фудбалер, кој денеска е познат и по дизајнирање на луксузен накит. За време на неговата фудбалска кариера тој успеа да се развива и на модното поле, а посебно се истакнува неговата соработка со модната онлајн продавница Mr. Porter.

За авторот

martin