Пијалоци

Old Fashioned – пијалок за вистински џентлмени

Напишано од martin

Името на овој коктел можеби е Old Fashioned (старомоден), но овој коктел никако не излегува од мода и не старее. Тој прв пат е направен уште во далечниот 19 век, а од тогаш добар бурбон, шеќер, билен ликер и портокал се состојките кои ги прават овој коктел. Не знаеме дали привлечноста на овој коктел е во неговата егзотична боја или пак во слаткиот овошен вкус, но без разлика на тоа, секој модерен господин треба да знае да го припреми.

Одберете го правилното виски

Немојте да ја змете првото шише што ќе ви дојде при рака. Old Fashioned коктелот бара виски кое што е послабо за на грло. Најдобро ќе биде да го пробате со бурбон. Исто така, потребен ќе ви биде појак билен ликер, коцка шеќер и портокал.

Најпрво ставете неколку капки од ликерот во чашата, додајте коцка шеќер и малку сода. Мешајте додека шеќерот не се стопи. Потоа додајте две коцки лед и бурбон. Ставете во чашата и две парчиња портокал но со кората на него. Мешајте го 20 секунди и уживајте во пијалокот.

За авторот

martin