Задолжително Мажот во очите на жената

Омилените машки парфеми на Ангелите на Victoria Secret

Напишано од Пјер

На една од последните ревии на преубавите девојки од Victoria Secret, ангелите беа прашани едно едноставно прашање кое гласи “На кој парфем сакате вашиот омилен маж да мириса”. Еве што одговорија дел од нив –

Lais Ribeiro – “Јас би рекла Acqua di Gio. Секогаш ме потсеќа на згодниот фраер од рекламата. Па доколку налетам на тип кој го користи овој парфем, одма ќе помислам дека е брат близнак на фраерот од рекламата. Секси ”

Парфем кој е лесен, освежителен и популарен кај двата пола од далечната 1996.

Romee Strijd – “Го обожавам Paco Rabanne 1 Million затоа што мојот дечко го носеше на нашиот прв состанок. Одлично се сеќавам кога прв пат ми се доближи. Затоа овој парфем потсеќа на old school шармот и заводливоста на мажите со стил”.

Парфем со смела комбинација на цитрусните ароми и зачинетите ноти, секси исто како и самото шишенце во кое ни доаѓа.

Sara Sampaio – “Мојот прв избор секогаш ќе биде Bvlgari Aqva Pour Homme, затоа што е свеж и мажествен. Аромата на килибар на која се темели овој парфем, секогаш ме потсеќа на мачо момците кои знаат да се грижат за понежната половина. ”

Одлична комбинација на портокал, водени тревки, и килибарот. Секогаш одличен избор.

За авторот

Пјер