Стил

Оставете силен впечаток – 5 моќни комбинации за модерниот маж

Напишано од martin

Се ближи крајот на 2017-та година, а тоа значи дека е период на новогодишните прослави и дочекот на новата 2018-та година. Доколку сте маж кој го цени стилот, квалитетот и софистицираните работи, имаме моќни предлози за вас, како за новогодишните прослави, така и за понатамошните пригоди да изгледате поинаку, модерно, и секако, впечатливо. Добри чевли, аксесоари, костум, се работите кои ви се неопходни за да оставите силен прв впечаток. Па поради таа причина, денеска нашиот тим во соработка со подавницата City Fashion се реши да ви помогне со предлог 5 комбинации за еден модерен господин со стил.

Првиот предлог е за оние кои новогодишната ноќ ќе ја поминат во посвечена атмосфера. Доколку одите на прослава на која се очекува формален стајлинг, најдобриот избор за вас е црниот костум во комбинација со бела класична кошула и црни класични чевли. На целата оваа комбинација за да додадете уште поелегантен ефект, не заборавајте на манжетните и префинета вратоврска, која и не е секогаш морална. И како за крај, моќен и елегантен часовник.

За оние кои сакаат природни тонови, а новогодишната ноќ планирате да ја поминете во поопуштена атмосфера, тогаш вториот предлог е измислен за вас. Природните материјали во светли бои во комбинација со темна фармерка и добра патика, се секогаш избор со кој нема да згрешите. А како за крај, повторно не го заборавајте часовникот кој може да биде во спортска, но и елегантна варијанта.

Модата од 70-тите е назад, а тоа може да се види и од оваа наша комбинација каде што ќе разговараме за едни од најбезвременските модни миксови во машкиот моден свет. Станува збор за ролка со елегантно сако. Во ова модерно време, ролката може да ни даде модерен изглед со ретро акцент, доза на софистицираност и елеганција на секој аутфит. Особено ова важи за моментите кога ја комбинирате ролката со сако. Мора да признаеме дека тоа е поим за елеганција. Кога на тоа ќе додадете квалитетна темна фармерка, добра црна патика и елегантен часовник, вие дефинитивно ќе оставите силен впечаток.

Морнарско сината боја дава ефект на подмладување, како што некои би рекле таа претставува “млада” боја, затоа постарите мажи кои би ја носеле ќе бидат поласкани од погледите и впечатоците, додека пак за помладите може да биде ефектот премногу “млад” за нивните вкусови. Кога прв пат ќе купиме костум со морнарско сина боја, ќе сакате засекогаш да го надополнувате вашиот гардаробер со морнарско сино. Во комбинација со кафени кожни чевли, бела класична кошула и џебно марамче како задолжителен моден детал, вие дефинитивно ќе створите слика на модерен господин.

И како за крај ви нудиме уште една, елегатна модна комбинација во темна боја. Машки костум, каде што сакото е со ревери од свила, е момент кој што дава огромна софистицираност.

Во продавницата на City Fashion може да ги најдете високо квалитетните брендови како што се Pierre Cardin, Armani Jeans, EA7 Emporio Armani, Lagerfeld, JOOP!, Antony Morato, FAbbi, Roberto Botticelli, а часовниците во едиторијалот ќе ги најдете во салоните на Божиновски часовници и накит.

Фотографија – Венко Шереметкоски (e-mail: venko.sheremetkoski@yahoo.com)

Локација – Хотел Русија

Погледнете ги сите фотографии од едиторијалот во галеријата подоле!

 

 

За авторот

martin