Љубов

Осум знаци дека полудела по вас

Напишано од Пјер

На празничните забави обично се приметува кога некоја другарка, познаничка или колешка ви фрлила око. Па доколку приметите нeкој од нив да ги прави следниве 8 работи, тогаш знајте дека она е полудена по вас –

  1. Троши време на вас, дури и кога не сте присутни на исто место со неа (ова многу лесно се дознава од заедничките пријатели)
  2. Ве демне на Фејсбук (ова се приметува доколку видите дека ви лајка или коментира постари слики и статуси)
  3. Сака да ве поседува во целост (доколку зборите за некоја друга женска особа, вашиот демнач сигурно ќе има лоша гримаса на лицето)
  4. Стално ви поставува прашања (сака се да знае за вас)
  5. Сака да знае дека ја бендисувате (сака да и возвратите со иста мерка)
  6. Почнува да се однесува како ваша сенка (каде и да одите она е таму)
  7. Стои блиску до вас и вашите усни (обрнете внимание кога нешто и шепкате дека не сака да се заврти целосно за да ви го овозможи тоа )
  8. Не го трга погледот од вас (сите знаеме што значи долгиот контакт со очите)

За авторот

Пјер