Архитектура

Отворена највисоката тест кула за лифтови во светот

Напишано од martin

Одлика на модерното инженерство, прогресот и иновацијата.

Мултинационалната компанија ThyssenKrupp ја отвори кулата за тестирање на лифтови во Ротвеил, Германија. Моментално ова е највисоката кула од ваков тип во светот со висина од 246 метри, уникатен истражувачки центар и интересна атракција за жителите и туристите. Објектот е долгорочна инвестиција на ThyssenKrupp и најголемиот иновативен центар за лифтови во Германија, како и во Европа.

Во 246 метарската кула сместени се 12 различни лифтовски окна, каде ќе се тестираат и потврдат иновативни решенија за развивање на лифтови за сѐ повисоките облакодери кои се градат низ светот, со услови за тестирање кои не се достапни на ниедно друго место.

Модерната архитектура, која ја претставува уметноста на нашето инженерство, ѝ дава на кулата едноставен и елегантен изглед. Објектот ќе им овозможи на посетителите прекрасен панорамски поглед од 360 степени со поглед дури до швајцарските Алпи. Патувањето во стаклениот панорамски лифт ќе биде уште едно прекрасно искуство.

Мултинационалната групација ThyssenKrupp веќе 9 години е присутна на македонскиот пазар преку НОВАКО, ексклузивен дистрибутер за Македонија и Косово и членка на германската групација. Нивна основна дејност е производство, продажба, монтажа и одржување на лифтови, ескалатори, подвижни траки, авио мостови, како и други транспортни и индустриски системи.

Кулата е еден вид на лабораторија за новата ера во технологијата и импресивен пример за иновативната моќ и инженерски вештини на ThyssenKrupp. За изградба на оваа кула биле инвестирани околу 40 милиони евра.

ThyssenKrupp е светски лидер во производство на лифтови и ескалатори и еден од најголемите производители на челик во светот, со годишни приходи од околу 40 милијарди долари, со повеќе од 160.000 вработени, присутни во 80 земји, а во својот состав има 670 помали компании.

За авторот

martin