Најново

Паметен часовник за вистински џентлмени

Напишано од martin

Претходниот месец  TAG Heuer го објави своето партнерство со MARV films и 20thcentury Fox по повод новиот филм на ‘Kingsman: The Golden Circle’, каде што TAG Heuer Connected Watch ќе биде официјален часовник на филмот. TAG Heuer Connected Kingsman Special Edition часовникот ќе биде ексклузивно достапен за купување преку MR PORTER.

Пред само неколку дена во Лондон е претставена ексклузивна снимка од новиот филм каде што и ексклузивно беше објавена ексклузивната едиција на TAG Heuer Connected Modular 45. На актерите во овој филм им се потребни часовници кои можат да прават буквално се, подводно снимање, да ги издржат сцените со тепање и акробации и да останат поврзани.

Овој часовник е направен и создаден во Швајцарија, односно во работилниците на TAG Heuer. Станува збор за вистински луксузен часовник со Android Wear 2.0 платформа која го зголемува корисничкото искуство.

За авторот

martin