Кариера

Пет начини да се изборите за поголема плата

Напишано од Пјер

Бидете мудри, работете паметно, а не повеќе, и сметајте на поголема плата. Преземете едноставни чекори со чија помош ќе го постигнете ова. Прочитајте како…

Најлесниот начин да добиете повисока месечна плата е да го прашате шефот – така јасно ќе му покажете што сакате, а одговорот, што е одлично, ќе го добиете веднаш.

Со барањето за поголема плата, нормално, кажете што сте направиле и кои резултати сте ги оствариле во последните неколку месеци.

Ви предложуваме неколку начини како на најдискретен начин да се изборите за оваа ваша цел.

Специјализирајте се

Станете експерт за одредена област, работа или задачи во вашата фирма. Ќе имате помалку работа бидејќи луѓето нема да ви се обраќаат за се и сешто. Ќе знаат дека сте експерт за нешто, па ќе ве штедат за покрупни задачи.

Приспособете се

Размислете како можете да ги приспособите своите способности на она што и е потребно на вашата компанија. Ако повеќе се ценат вработените што подобро владеат со компјутерски вештини, поработете на тоа поле.

Тренирајте

Ако колегите често ве викаат да се консултирате околу работата во некоја програма, како да состават соопштение или да организираат настан, размислете за тоа да се занимавате со обука на нови кадри во вашата фирма.

Набавете сертификат

Сертификатот со завршен курс од „Microsoft“, „Linux“, подобро ќе ве позиционира на работа. Завршете некој курс надвор од работата и известете го шефот за тоа.

Не се откажувајте

Ако на позицијата на која работите нема место за зголемување на платата, не очајувајте. Побарајте преместување на подобро платено место во фирмата. Не се откажувајте од вашата цел дури ни по цена тоа да бара промена на компанијата.

За авторот

Пјер