Троши

Пет причини да се гушкате повеќе

Напишано од Пјер

Еве како прегратките и милувањето делуваат на здравјето и зошто би требало тоа да го правите почесто!

Го зајакнува имунолошкиот систем

Прегратките и допирите го стимулираат парасимпатетичкиот нервен систем, со што се ослободува окситоцин, допамин и серотонин. Овие хормони, одговорни за чувството на среќа, влијаат на имунитетот и му помагаат на организмот да се одбрани од болестите.

Ја ублажува болката

Во нашиот организам окситоцинот се ослободува и поради најмалиот допир, а тоа ја зголемува нашата толеранција на болка. Замислете тоагаш како влијае на организмот кога се гушкате со саканото лице?!

Го намалува стресот

Намалувањето на стресот поради гушкањето е уште еден сјаен ефект за кој е заслужен окситоцинот, кој (како и прегратките) ќе ви помогне да бидете поблиски со партнерот. Освен тоа, ќе ви помогне да имате поголема самодоверба кога се наоѓаете во друштво.

Го намалува ризикот од срцеви болести

Помалку стрес и помала анксиозност ќе добиете од прегратките и мазењето, а тоа значи и понизок крвен притисок. Значи, вашето срце ќе биде поздраво и изложено на помал ризик од срцеви болести.

Помага подобро да спиете

Анксиозноста е главен виновник за несоницата, а прегратките и допирите ја намалуваат анксиозноста, што значи дека подобро ќе спиете.

За сите што сакаат топли прегратки, време поминато во друштво на најблиските, моменти што ќе овозможат комоција, удобност и уживање, Warm Hug сетот е одличен избор.

А за сите што се фанови на гушкањето, имаме нешто задолжително за вас. Следете го линкот

 

 

За авторот

Пјер