Храна

Пет причини поради кои не треба да бидете вегетаријанец

Напишано од Пјер

Експертите наведуваат пет причини поради кои вегетаријанската исхрана му штети на здравјето.

Првата причина е наглото губење на тежината. Со откажувањето од месото личноста може да загуби до пет килограми за само еден месец, што не е добро за здравјето.

Второ, кардиналната промена во исхраната доведува до промени и во цревната микрофлора. А цревната микрофлора е важна за созревање на имунолошкиот систем, развојот на нормална цревна морфологија, одржувањето на хроничниот и имунолошки посредуван воспалителен одговор, одржувањето на функцијата на цревната слузница, одбраната од алергени и помага во превенцијата од прицврстување на патогени микроорганизми.

Трето, одбивањето на месото може негативно да влијае на метаболизмот, од проблеми со системот органи за варење до чир во желудникот.

Четвртата причина е тоа што кај вегетаријанците се појавува дефицит од хранливи состојки, протеини и минерали неопходни за нормално функционирање на телото, а сето тоа може да доведе до срцева инсуфициенција (срцето повеќе не може да пумпа доволна количина на крв за снабдување на целиот организам).

Последната или петта причина поради која лекарите не советуваат да се одбива место: Ако личноста, по продолжена апстиненција, повторно започне да јаде протеини од животиснко потекло, може да го влоши ризикот од појавата на хронични болести.

Во Велика Британија, каде се објавени резултати од стручната анализа, една третина од жителите не консумираат месо и месни производи.

За авторот

Пјер