Пијалоци

Пиењето кафе е посебна култура во светот

Напишано од Нино

Кафето претставува најголемиот глобален феномен и луѓето низ светот го пијат многу долго време. Тоа е пијалок во кој уживаат култури кои немаат никаква поврзаност едни со други, но сепак сите го пијат. Погледнете каква е културата на кафето во повеќе земји од светот.

САД

Сад е нација во која навистина премногу се пие кафето. Секоја година американците пијат околу 146 милијарди шолји на кафе, повеќе од било која друга земја во светот. Чајот е убав за попладневните часови, но повеќето американци не го започнуваат денот без првото утринско кафе.

МЕКСИКО

Мексиканците се познати по тоа дека знаат да си ја завршат работата во кујната, но и кафето не е исклучок. Карактеристичното мексиканско кафе познато како Café de Olla, се служи во керамичка кригла со тесен врат за да се задржи топлината и никако без цимет стапче.

ИТАЛИЈА

Пристигнавме кај еспресото. Тоа е кратко со силен удар на концентрирано кафе и претставува вистинско решение како италијаните се справуваат со проблемите толку рано наутро. Се служи во мала керамичка чаша и понекогаш може да се додаде мало парче на лимон за вкус.

ТУРЦИЈА

Кафето во повеќето земји се смета како пијалок за утринските часови, но во Турција тие го гледаат како еден вид на десерт. Турското кафе е како поговорката, “црно како пекол, силна како смрт и слатко како љубов.” Турското кафе обично се пие по вечерата и задолжително оди со бомбони.

ИРСКА

Ирското кафе е измислено во далечната 1940 година. Пијалокот започнува со кафе, се додава виски, а завршува со шлаг.

ХОЛАНДИЈА

Холандија е земја каде што покрај кафето секогаш ви носат и мало шеќерно колаче. Има разлика од coffee house и café, каде што се служи и канабис. Во вистинските кафулиња нема да најдете ниту алхохол, ниту марихуана.

ФРАНЦИЈА

Во франција стандардното кафе што е ви вид на еспресо се нарекува, un café. Следниот вид на кафе е café americaine, кое што е поголемо и се додава топла разредена вода. Интересно во кафулињата во Франција е тоа што за едно исто кафе може да најдете три различни цени. Се зависи од тоа каде сакате да го пиете кафето, дали надвор на маса, во барот или да пиете едно кафе на нога.

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)