Пијалоци

Пиете редовно еспресо? Овие работи треба да ги знаете!

Напишано од Нино

Доколку сте фанови на квалитетно еспресо и нема ден да помине без него, тогаш убаво би било да знаете како тоа влијае на вашиот организам. Едно еспресо во текот на денот може многу позитивно да влијае на вашето здравје, а еве како.

1. Ви го зголемува памтењето

Потребна ви е вистинката доза на кофеин за да ја зголемите вашата меморија во текот на денот. Таа доза обично е две еспреса на ден, а тоа е научно докажано.

2. Ја зголемува концентрацијата

Кофеинот ги смалува симптомите на умор, а ја зголемува концентрацијата. Еспресото ја зголемува концентрацијата посебно во центрите на мозокот поврзани со вниманието. Секако, не смеете да претерувате бидејќи тогаш ќе добиете контра ефект.

3. Ќе ви помогне да ослабнете

Еспресото за разлика од другите кафиња е помалкукалорично и содржи само три калории по еден грам. Тоа ќе ви помогне вашето вежбање да биде полесно и ќе ви ја зголеми желбата за активност.

4. Го намалува ризикот од инфаркт

Едно еспресо во текот на денот го намалува ризикот од срцев удар за 25%.

5. Го намалува ризикот на дијабетесот

Иако мора да пазите на вашата исхрана и да бидете физички активни, еспресото го намалува ризикот од дијабетесот за 11%. Па ако сте зависник од еспресо, ова е идеална вест за вас.

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)