Технологија

Поглед кон 2017 година. Топ 9 гаџети на годината

Напишано од martin

Дали забележавте кои се доминантните трендови во технологијата во 2017 година? Според голем број на технолошки експерти, главни теми и гаџети во светот се виртуелната и проширената реалност и се поголем број од гигантските технолошки фирми, произведуваат камери, VR сетови и додатоци, потоа селдуваат виртуелните асистенти по примерот на Amazon Echo и Google Home, како и оние мобилни од типот на Siri, гаџети за фитнес, здравје, убавина и голем број на други продукти од различни области.

DJI Inspire 2

 
Овој дрон има навистина висока продажна цена, но со причина. Тој лета со брзина од 108 км/ч, неговата автономија е 27 минути и на себе носи две камери. Главната, со заменливи објективи, е прицврстена за “gimbal” и снима 4К и 5.2К видео во кругови од 360 степени, а другата е прицврстена за пилот. Цената на овој уред е 3000 евра.
LG PJ9
Иако овој звучник на LG е повеќе трик, отколку револуционерен уред, сепак има некои инзвонредни карактеристики. Тој емитира звук во коло од 360 степени. Може да остане во воздух до 10 часа и потоа самиот се спушта на пунење.
Samsung уникатниот паметен телефон
Корејсата компанија пријави патент за нивниот најнов паметен телфон кој се преклопува и е со флексибилен екран. Се шпекулира дека компанијата се повеќе сака да експериментира со своите телефони, поради неуспехот со Note 7.
TPCAST за HTC Vive
Иако системот HTC Vive VR веќе некое време е на пазарот, многу луѓе не се доволно задоволни од овој уред бидејќи тие мора да бидат поврзани на компјутер преку кабли. Поради таа причина, во приказната влегува TPCAST, кој се става на врвот на Vive и работи како батерија и предавател, што значи дека каблите не се потребни. Автономијата е 90 минути, а латенцијата (одлошување на сликата) е само 2 милисекунди. Цената на овој уред е некаде околу 200 евра.
Here One
Бежичните слушалки полека но сигурно стануваат новиот тренд, а Here One имаат можност за “адаптивно слушање”, кое може да изолира поединечни фреквенции за да се слушне само она што навистина сакаме да го слушнеме. Цената на овој уред е 280 евра.
Xbox Project Scorpio
Новата генерација на Microsoft на конзолата за игри би требало да биде пет пати посилна од Xbox One или од нивниот ривал Sony PlayStation 4 Pro, со графичка единица од 6 teraflop за да биде способна за виртуелна реалност и 4K репродукција и поддршка на постоечките игри и на периферијата на Xbox. Цената се движи од 600 евра па нагоре.
Cowa Robot
Алуминиумскиот куфер од 4,5 килограми можеби е необичен избор за да биде во оваа листа, но не и ако е познато дека има батерија од 100Wh и слот за SIM картичка. Ова во пракса значи дека може самостојно да се тркала до 20 км до полнење, да ве следи вас, да дојде до вас кога ќе го повикате и речиси е невозможно да го изгубите. Цената на овој уред е 699 долари.
Nintendo Switch
Switch е хибриден уред – домашна конзола за играње која може да се користи со телевизорот, а исто така може да се користи и како лаптоп. Тој се состои од повеќе компоненти: телото на конзолата е еден вид таблет, има штанд, како и контролер (наречен Про контролер). Тоа можеби е и најинтересниот дел на овој уред, бидејќи има лева и десна страна кои може да се одвојуваат, кои се викаат Joy-Con. Цената на овој уред е некаде околу 200 евра.
Xiaomi Mi Mix
Овој паметен телефон на кинеската компанија кој е дизајниран во соработка со Филип Старк, е најдобриот пример за телефон без рамки. Неговиот 6,4-инчен Full HD екран се протега низ речиси целиот фронт на уредот. Внатре во овој уред се кријат Snapdragon 821 процесор, 4GB RAM, внатрешна меморија од 128GB, камера со 16 мегапиксели. Цената е 500 евра.

За авторот

martin