Кариера

Постојано доцните? Пробајте ги овие четири супер трикови!

Напишано од Пјер

Точноста е клучен дел од професионализмот и создавањето на позитивен прв впечаток. А ако на тоа поле имате проблеми, време е за воведување на некои промени. Започнете со овие четири промени…

1. Аларм

Ако имате проблеми со алармот, постои едноставен трик: ставете го подалеку од себе. Кога алармот ќе започне иритантно да ѕвони, ќе морате да станете од креветот за да го исклучите. Исто така, започнете подетално да го планирате распоредот на спиење и обезбедете си 7-8 часа сон секоја ноќ.

2. Подготовка

Каде ми е облеката? Паричникот? Клучевите? Таквите стресни моменти многу лесно можат да се избегнат. Сите овие нешта подгответе ги вечерта пред да си легнете и ставете ги на видливо место.

3. Социјални мрежи

Интернетот премногу го краде нашето внимание. Иако е многу примамливо да гледате во мобилниот телефон и социјалните мрежи секој час, тоа не е нималку добро кога имате многу работа, бидејќи можете да се заборавите па повторно да задоцните. Тоа никогаш не е гледање набрзина, а дури кога ќе задоцните ќе сфатите колку време сте изгубиле на социјалните мрежи.

4. Повици

Не дозволувајте случајни прекини да ви го одвлечат вниманието од работата. Кога пријателите ве повикале при обавување на некоја задача, јавете се на кратко проверете дали е нешто итно, а ако не е, обавете го разговорот откако ќе ги завршите задачите.

Но доколку имате Дормео душек, тогаш јасно е зошто доцните. Проверете ги нивните Дормео роденденски понуди, за освежување на вашата спална соба.

За авторот

Пјер