Селебрити

Прашање кое не мачи – На што личеше стајлингот на Justin Timberlake за време на полувремето на Super Bowl?

Напишано од Пјер

Сите знаеме дека Justin Timberlake на времето имаше многу промашувања со модниот стајлинг. Да се потсетиме само на оваа тексас фотка со Бритни, која важи за една од најлошите стилски фотки во светот на познатите.

Но, последниве години и тоа како се поправи, и неговиот стил доби нова димензија.
Се до неделниот Superbowl натпревар, и неговиот настап на полувремето, каде се врати 10 години назад. Да, настапот беше одличен, но комбинацијата на шумска дизајн маичка, црвена марама (со ништо не оди), и војничко смарт кежуал одело, се невидено промашување. Само фризурата и брадата му се на место (Џорданките се култни, но не се комбинираат со тоа што Џастин го носи), се останато е страшно лошо. Се надеваме дека наскоро ќе се свести, и пак ќе го видиме пицнат во некоја all black варијанта како погорната фотографија.
View image on Twitter

За авторот

Пјер