Троши

Предлог 3 часовници кои секој маж ќе ги посака за новогодишните празници

Напишано од martin

Секој маж сонува за луксузен и квалитетен часовник. Тие се витален дел од светот на модерниот господин. За секој господин часовниците треба да бидат еден задолжителен моден додаток. Се ближат новогодишните празници, а тоа е период за обнова и најдобро време за квалитетна инвестиција. Погледнете предлог на три часовници кои нас ни се допаднаа од салоните на Божиновски часовници и накит, а се надеваме дека ќе ви се допаднат и вас.

Инвестирајте во нешто добро и квалитетно!

Breitling Superocean Heritage

Овој лојален придружник на најдобрите авантури го овековечува уникатниот и безвременски стил на легендарниот модел од 1957 година. Часовник кој во себе крие една поинаква енергија. Достапен во две големини – со дијаметар од 46 и 42 мм и водоотпорност до 200 метри. Може да го најдете со црна, сина или зелена еднонасочна ротирачка рамка која се совпаѓа со различните бои на лицето начасовникот. Оригиналниот стил на овој часовник е акцентиран од челичното ремче кое го прави вистинска класика во светот на часовниците.

Calvin Klein City 

Американскиот бренд Calvin Klein и Swatch Групацијата го здружија нивниот импресивен талент во 1997 за да го создадат CK часовникот, бренд на часовници со графички линии кои го привлекуваат вниманието, рафинирани и современи. Овој часовник е со 43 мм дијаметар на куќиште и кварцен механизам. Нуди водоотпорност до 30 метри, а комбинацијата од челичното ремче и куќиште со црната боја на лицето на часовникот ја дава минималистичката елеганција.

TISSOT V8 QUARTZ CHRONOGRAPH

V8 Chronograph е еден од најпопуларните рачни часовници од Tissot. Позицијата на лидер најверојатно беше постигната благодарение на најновата швајцарска технологија во комбинација со одличен дизајн и сосема достапност. Овој модел кој ви го претставуваме се карактеризира со кожно кафено ремче и куќиште со 42,5 мм дијаметар. Механизмот му е хронограф и нуди водоотпорност до 100 метри.

 

За авторот

martin