Кариера

Преку МКБ проверете ги вашите обврски, пред да ги провери извршител!

businessman-profile-looking-to-the-left_1098-295
Напишано од Мартин

Како резултат на брзиот и динамичен живот луѓето немаат време постојано да ги следат и проверуваат сопствените финансиски обврски и задолжувања, па и минималните долгови со тек на времето се зголемуваат и стануваат сериозен, непланиран семеен издаток.

MКБ e прво и единствено кредитно биро во Република Македонија кое управува со системот за собирање, обработување и размена на податоци за обврските на правните и физичките лица со цел информирање за нивната задолженост и редовност во подмирувањето на обврските.

Услугите на МКБ може да ги користат физички и правни лица, а како даватели на податоците се јавуваат сите финансиски институции, УЈП, ПИОМ, градот Скопје и единиците на локалната самоуправа, комуналните институции, институции од областа на енергетиката и телекомуникациите, како и голем број на други правни субјекти. Малкумина знаат дека МКБ е отворено за соработка и со граѓаните кои сакаат да имаат увид во своите обврски по кредити, жиранства, кокредитобарателство, трансакциски сметки со дозволено пречекорување, платежни картички, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, обврски за телекомуникациски услуги, обврски за услуги од областа на енергетиката, комуналните давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги.

Секој граѓанин, брзо и едноставно преку официјалната страна на МКБ www.mkb.mk во делот МОЈ.МКБ.МК може да се најави и да побара Сопствен извештај со податоци за моменталната состојба или пак да се претплати на услугата АСИС и да биде навремено алармиран за настанати промени на сопствените долгови.

За таа цел, новиот менаџмент на МКБ во наредната 2017 година започнува со имплементација на стратегија со која преку креирање на нови услуги и промотивни кориснички пакети ќе се приближи до граѓаните овозможувајќи им подобар увид и помош при менаџирање на нивните секојдневни финансиски обврски, а и до правните субјекти помагајќи им во полесно планирање на своите идни бизнис одлуки и партнерства.

За авторот

Мартин