Кариера

Прво важно правило во 2018 – збор со кој никако не смеете да го започнете мејлот

Напишано од Пјер

Постои збор, а не е пцост или било каква безобразна фраза, со која не смеете да го започнете мејлот, а експертите велат – дека не треба да го применувате во ниту било кој друг вид на комуникација – пишана или усна.

Хотелскиот магнат Џонатан М. Тиш го открива за Њујорк Тајмс своето правило за електронски преписки, а советува секој да го усвои.

Ако постои една работа која веднаш ќе го одбие оној кој го добива мејлот, тоа е започнувањето на текстот со „Јас“. Ваквиот почеток на писмото укажува на тоа дека вие сте поважна личност од онаа со која комуницирате, односно себе си се ставате на прво место, над се останато.

Затоа, размислете како би можеле да го избегнете ваквиот почеток – некогаш со едноставно изоставување на овој непотребен збор – наместо „Јас мислам“, напишете „Мислам“, или со некој неодреден облик, како на  пример „Изгледа…“. Ќе станете не само подобар пишувач на мејлови, туку и покултурно и пореспектирано лице.

За авторот

Пјер