Uncategorized Живееме здраво со Polleo Sport Фитнес

ПсихоФит: Како да се справам со богатите трпези за празниците ?

Напишано од Нино

Замислете пред вас маса преполна со најразновидна храна. На масата има секаков вид на зрело овошје и свеж зеленчук, вкусно зготвено месо со различни зачини, а на средината стои голема чоколадна торта украсена со чоколадни трошки и околу неа се наредени неколку примамливи вида на мафини полнети со Нутела крем. Тука од лево има и чизбургер, двоен. Вкусен!

Сигурна сум дека за момент ја визуелизиравте оваа маса и дека веќе имате на ум кој ќе биде вашиот следен оброк. Можеби ви се чини дека до следниот оброк треба да помине цела вечност па сепак ќе посегнете по парчето торта што остана од завчера- за кое рековте дека нема шанса да го изедете. Ова е нормален процес и нема ништо лошо во тоа да ја задоволите вашата основна потреба, но мора да направиме разлика помеѓу вистинската глад и стрвноста. Вистинската глад се јавува тогаш кога човекот мора да ги задоволи дневните потреби за исхрана, додека пак стрвноста е насочена кон специфичен вид на храна. Здраво, јас се викам Бојана и сум чокохолик!

mmmmmm

Сите ние имаме одредена слабост кон некој специфичен вид на храна (чоколада, тестенини, лиснати теста), но мора да научиме како да ја контролираме нашата стрвност. Ние луѓето сме најкреативни кога треба да смислиме оправдување кога сме гладни (стрвни). Овој период од годината кога се наближуваат сите прослави, семејни собири, слави, прославата на Новата Година и божиќните празници сметам дека луѓето можат да се изненадат и од својата креативност. Понекогаш сме толку креативни па наместо да се вратиме на нашиот план и да се фокусираме на нашата цел без разлика на празниците, ние си одложуваме до следниот месец (или пак можеби април, затоа што нели тогаш времето почнува да станува убаво).  Често среќавам различни статии за брзи диети со кои се губат килограми за три или пет дена или пак ригорозни диети кои траат со месеци. Овие диети не успеваат поради една причина. Во овие диети се забранува еден вид на храна и најчесто станува збор за слатките и тестото, а тоа е најголемата замка во која што запаѓаме.

Во едно истражување кое е правено на неколку групи на студенти добиени се интересни резултати. Студентите биле поделени во три групи. На сите три групи им биле понудени М&М бомбони. На првата група студенти им било кажано дека смеат да земат и да јадат колку што сакаат, на втората група студенти им било кажано дека во никој случај не смеат да земат да јадат, а додека на третата група студенти им било кажано дека смеат да јадат од бомбоните – но подоцна. На крај по одредено време им било кажано дека експериментот е готов и повторно им било понудено од бомбоните. Погодувате кои се резултатите? Втората група на студенти која имала инструкција дека не смее во никој случај да јаде од бомбоните, подоцна изеле најголема количина, за разлика од третата група која изела најмалку. Постојат повеќе истражувања кои се слични на ова и сите добиле слични резултати.

Да се вратиме на диетите. Ако диетата ви гарантира дека ќе изгубиме килограми за два месеца ако строго ги исклучите од исхраната тестенините и слатките, тогаш јас ви гарантирам дека за пократок период од два месеца вие ќе ги вратите изгубените килограми. Тоа е затоа што забранетата храна во текот на диетата нас ни претставува предизвик (кој што мора да го имаме по секоја цена). Замислете цел ден да шетате со Сникерс во џебот, а да ви е кажано (или сами да си ветитете на себе си) дека никако не смеете да посегнете по него и да го изедете. Тој ден за вас би претставувал вистинско измачување и вие во текот на тој ден колку и да сте биле успешни во задачата (иако цело време сте мислеле на Сникерсот) најверојатно вечерта би посегнале и би го изеле. Секоја чест на исклучоците! На овие искушенија најчесто потпаѓаме затоа што имаме лош став и затоа што како што кажав- можеме да станеме неверојатно креативни кога станува збор за да се оправдаме  кога сме стрвни.

  • Денес цел ден нема да јадам затоа што вечер ќе излезам и планирам тогаш убаво да се најадам.
  • Јас правам избор- а не жртва.
  • Денес имав многу лош ден, ќе си нарачам пица и палачинка со крем затоа што заслужив.
  • Ти заслужуваш одмор, а не калории.
  • Денес е посебна прилика, денес ми е роденден.
  • Роденден не значи и прејадување.
  • Телото ми бара благо, морам да каснам нешто- види почнав да се тресам.
  • Тоа што ти го сакаш- не е тоа што му треба на телото.
  • Денес имав многу добар тренинг, можам да се наградам со чизбургер и дупла порција помфрит.
  • Денес имаше добар тренинг и треба да останеш фокусиран на планот и твојата цел.
  • Ќе го изедам ова сега, а после ќе вежбам.
  • Ќе вежбаш сега, а подоцна ќе јадеш здрав оброк.

 

 5-ways-to-deal-with-your-period-1

Ова се најчестите погрешни ставови кои ние ги имаме и најчестите оправдувања кои си ги даваме за да го направиме тој посебен исклучок. Желбата која ни се јавува во тој момент за одреден тип на храна, односно нашата стрвност кон храната е наша сугестија- но не и нарачка за истата. Најдобриот трик е одложувањето. Сосема е во ред ако ние преферираме одреден тип на храна, но строгото и моментално исклучување од исхраната на тој начин ќе ја прави уште попривлечна. Особено ако притоа постои посебна забрана (тука не станува збор за сите оние медицински состојби каде што е потребен строг начин на исхрана). Затоа најдобар начин е одложувањето, а како за пример сетете се на погоре прикажаниот експеримент. Така на пример, поставете си рок или ограничување. Ако за време на овие празници каде што ќе бидете соочени со многу примамливи трпези не можете да се контролирате, тогаш обидете се на пример вашата омилена храна да ја внесувате само во одреден ден во неделата (пример секоја сабота- но во умерени количини!) Ви се чини премногу тешко? Уште потешки ќе бидете вие кога ќе се вратите на стазата за трчање. Не го чекајте сонцето во пролет и не дозволувајте тоа да биде уште едно оправдување. Вратата на теретаната е отворена во текот на целата зима!

 

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)