Интервјуа

Радио Индекс, Вашиот најдобар другар додека се возите, додека сте на работа или седите во некоја гужва

Напишано од martin

Во интересна и пријатна атмосфера денеска тимот на Friday.mk се дружеше со Зорица Стојковска, девојката која донесе вистинска свежина во радио просторот. Таа е радио презентерот во Радио Индекс, а денеска од неа ќе дознаеме нешто повеќе за Радио Индекс и целата оваа урбана приказна.

Како започна приказната за Радио Индекс?

Радио Индекс започна со работа во Фебруари 2016 година како интернет радио станица. Идејниот креатор имаше желба во Македонија да направи радио станица по теркот на светските радио станици- односно станица каде што се поставени некои норми на работа и квалитет на звук. Некаде околу Нова година 2017, коцките се поклопија, се појави една фреквенција која што сакаше да се ребрендира и го споивме корисното и практичното и сигналот почна да се емитува и на ФМ, на 91.3. Веќе добри 7 месеци одиме паралено и на Интернет и на ФМ и мислам дека полека полека оставаме печат.

На каков тип на музика ќе може да уживаат слушателите на Вашето радио?

За разлика од другите радија во Скопскиот и Македонскиот етер кои пуштаат се и сешто, кај нас може да се слушнат најголемите хитови од 80-те 90-те и денес. Кај нас не се пушта песна која што не стасала до топ 20 во овие три децении. Поради музиката која ни е јасно дефинирана, имаме и релативно јасна целна група – Лица на возраст од 20 до 50 години, односно сите они кои имаат навика да слушаат радио и кои во младоста уживале во музиката која ние ја пуштаме.

Каква е секојдневната програма на радиото Индекс и по што се издвојувате од другите? Во што може да уживаат слушателите?

Радио Индекс емитува програма во живо од 10 до 17 часот. Се уште не сме ги нашле ѕвездите кои ќе го пополнат утринскиот термин, и ги покануваме сите оние кои мислат дека можат и умеат да прават креативно радио, да не контактираат. Кај нас, нема емисии, има времески појаси со водители чија задача е да анимаираат и забавуваат. Значи, не се фоксураме на промоции на настани, прес конференции и слично ниту пак пренесуваме вести. На секој 60 минути имам вести, сообраќаен сервис и временска прогноза, а остатокот од времето се трудиме да најдеме теми за муабет во кои секој од нашата таргет група може да се препознае. Имаме оторени телфонски линии, секој ден разговараме со луѓе на терен и споделуваме нивни ставови и мислења. Ние сакаме да станеме вашиот најдобар другар додека се возите, додека сте на работа или седите во некоја гужва. И покрај се ова – водителите зборуваат малку а кратко, значи примарен фокус ни е музката. За разлика од другите, ние сме фокусирани на работи кои се битни за градот и за граѓаните. Од септември, планираме да започнеме и со промоции и наградни игри како би ја зголемиле популарноста, а еве, како најава, во игра ќе бидат 1 милион денари. За поддршка на малите бизниси, го имаме малиот бизнис на неделата, рубрика со која на мали бизниси обезбедуваме маркетинг и ПР простор на нашето радио, со цел публиката да се запознае со нивниот продукт или услуга.

Каква е разликата на радиото од некогаш и денес?

Ау тешко прашање. Некогаш радиото беше извор на информации. Радиото беше медуим што собираше цели семејства за да се слушаат радио драми, вести, преноси. Денес, радиото воглавном стана џубокс. Меѓутоа, со развојот на интернет технологиите, музиката стана достапна секаде и се појави потреба за глас, за лице, за модератор кој знае да забавува, а да не преоптоварува. И токму тука е иднината на радиото. Ние се трудиме да ги земеме во предвид сите овие фактори и да направиме производ кој ќе може да се слуша по кој ќе се чувствува потреба за слушање.

Од каде црпите инспирација за темите кои ги преттсавувате?

Инспирацијата ја црпам најчесто од дневните вести и случувања во градот. Нема да кријам дека често ми се случува да споделам и Ваши вести, зошто сте навистина интересни. Зборувам за се она што е интересно и вредно да го пополни Вашиот ден, од 10 наутро па се до 14 напладне, да слушнете она што немате време поради обврските да го прочитате. Често знам и да искритикувам некој, но тоа е мој личен став, нели, исто како да седам на кафе и зборувам со пријатели. Но всушност, јас и зборувам со пријатели, затоа што веќе имаме публика која секојдневно пие кафе во наше друштво, не следи и комуницира со нас преку нашата фб страна, јавувања и сл. Едноставно се трудам денот да го започнам со насмевка и истата да ја пренесам низ скопскиот етер, зошто тоа е едниствен рецепт за убав и успешен ден.

За авторот

martin