Пијалоци

(Р)еволуција на Кампари календарот

Напишано од martin

Во Рим, центарот на италијанската кинематографија, оваа година симболично се отвори и започна новата кампања “Campari Red Diaries” (Црвените дневници на Кампари) – (Р)еволуција на Кампари календарот.  Магијата на правењето на секој од 12-те коктели ни ја оживуваат 14 бармени кои нè носат на патување околу светот како и низ имагинацијата и приказните зад секој од коктелите.

Паоло Сорентино, режисерот на водечкиот краток филм “Убиец во црвено“ за оваа кампања ке изјави: “Кампари е  италијанска икона која се здоби со глобална љубов и внимание како резултат на својата силна и вродена смисла за естетика и добро дефиниран стил – квалитети кои и самиот ги поседувам. Со овогодинешниот фокус на филмот, се трудев со техниката на раскажување на приказна да го доловам интригантниот интензитет. Работењето со Клајв Овен е фантастично-неговото маркантно присуство и ентузијазам ми овозможија да создадам краток филм кој се надевам ќе се покаже како свеж, инспиративен и креативен.”

Па така, кампањата за легендарниот италијански црвен аперитив со горко-сладок вкус се заокружува со 12 коктели како дел од Кампари календарот, зад кој стои познатиот аргентински фотограф Але Бурсет. Овој календар нема да биде на продажба и ќе можете да станете сопственик на еден оригинален примерок од 9.999-те испечатени само доколку сте дел од пријателите на Кампари низ целиот свет; а содржината на кратките филмови на младиот италијански режисер Иван Олита ексклузивно ќе биде достапна само на официјалниот ЈуТјуб канал на Кампари.

„Секој коктел раскажува приказна“ нека биде и вашето мото за овој период,   создадете приказна и бидете дел од магијата на Кампари.

За авторот

martin