Хотели

Saint-Barth Isle de France – одличен избор за љубителите на луксузот

Напишано од Нино

Сент Барт е една од најатрактивните дестинации на Карибите, а посебно е популарна меѓу богатите и познатите личности…

После три години реновирање, луксузниот хотел „Saint-Barth Isle de France“ е повторно отворен. Како сјајно место за љубителите на шампањот, овој хотел е домаќин на најексклузивните случувања од таа сфера.

Најголемиот број на случување се одржува во „La Case De L’Isle“ луксузниот ресторан кој има поглед на океанот и кој е реномиран по својата превкусна француска кујна. Покрај тоа, на 24 мај, овој хотел во соработка со брендот „Ruinart“, на своите гости ќе им даде можност да дегустираат деликатни видови на шампањ, додека пак, на 5 јули ќе биде домаќин на познатите куќи за шампањ, кои ќе ги претстават своите новитети.

Со локација во сликовитиот дел „Baie des Flamands“, овој хотел е опкружен со палми и прекрасни тропски градини. Сите соби на овој хотел имаат прекрасен поглед на океанот.

Сместувањето се состои од 40 соби, апартмани и вили, од кои секоја има свој приватен простор на отворено, индивидуално е дизајнирана и декорирана со стари француски материјали, прекрасен памук и ткаенина во неутрални тонови. Двете „Flamands“ вили веројатно се највпечатливи, а содржат свои приватни фитнес соби, домашни кина, прекрасни камени кади и приватни базени опкружени со пространи тераси за сончање.

fe2

fe3

fe4

fe5

fe6

fe7

fe8

fe9

 denar.mk

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)