Технологија

Самсунг ја проширува својата палета премиум машини за перење алишта со нов модел

Напишано од martin

Нова Самсунг премиум  машина за перење која се одликува со пократко време за перење, QuickDrive™ технологија и интелигентен Q-rator асистент

Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) го најави воведувањето на новата генерација машини за перење со револуционерна QuickDrive™ технологија. Како одговор на желбите на корисниците, Самсунг произведе машини за перење кои перат брзо и исклучително квалитетно. Новите машини, во споредба со досегашните Самсунг модели, облеката ја перат темелно и до 35% побрзо, а ќе бидат изложени на Саемот за Потрошувачка Електроника (Consumer Electronics Show – CES), кој ќе се одржи во Лас Вегас, од 9. до 12. Јануари, 2018 година.

Миленијалците денес, за разлика од минатото, повеќе купуваат недвижнини. На оваа категорија на купувачи им е исклучително важно да имаат домашни апарати кои со својата значајна технологија допринесуваат за подобрување на квалитетот на животот. Новата машина за перење со QuickDrive™ технологија е најнова од технолошките иновации за перење на облека, вклучувајќи ги и Аctivewash™ машината за перење со горна врата, AddWash™ машината за мерење со предна врата, и FlexWash + FlexDry, апарат кој ја претвора машината за перење во машина за сушење алишта, согласно потребата.

Кога пред вас се наоѓа голем куп валкани алишта кои треба да ги исперете, сакате да го направите тоа што е можно побрзо и поефикасно. Претставувањето на новата машина за перење со QuickDrive™ технологија ја нагласува нашата посветеност на клиентите да им обезбедиме најбрзо решение за проблемот со нечистотијата, овозможувајќи им повеќе време за работите што им се навистина важни.“ — изјави Шејн Хигби (Shane Higby), Потпретседател на Одделот за Маркетинг за Апарати за Домаќинство, Самсунг Електроникс, Америка.

Иновативните својства на новата машина за перење алишта се темелат на QuickDrive™ технологијата со голем главен барабан и заден панел кој се движи самостојно. Во текот на перењето се создава динамично движење на облеката во четири правци – горе и долу, и лево и десно. Ова придонесува за посилен и поинтензивен циклус на перење, на кој му треба 35% помалку време во споредба со останатите споредливи Самсунг машини за перење на алишта. Новиот модел со QuickDrive™ технологија брзо, нежно и темелно се справува со нечистотиите од облеката. Покрај тоа, оваа машина за перење има можност за поврзување со компатибилна сушилница, која ја прави идеална за мали простори. Новата машина за перење е подготвена за поврзување со Интернет и е компатибилна со екосистемот на Самсунг Смарт Тингс (Samsung Smart Things). Нејзиниот Q-ротор асистент во текот на перењето користи паметни функции кои го поедноставуваат циклусот на перење со иновативни карактеристики:

  • Рецепт за перење на алишта (Laundry Recipe) – Обезбедува автоматски препораки за оптимален циклус на перење на алиштата, базирани на боја, тип на ткаенина и степен на нечистотија според проценка на корисникот.
  • Планер за перење на алишта (Laundry Planner) – Им дозволува на корисниците да управуваат со времето на завршување на циклусот за перење и соодветно да ги прилагодат поставките на циклусот.
  • Home Care Волшебник (HomeCare Wizard) – Ја надгледува машината за перење, со цел да ги одржи оптималните оперативни перформанси и да ги осигура едноставните инструкции за одржување.

За повеќе информации за Самсунг апаратите за домаќинство, ве молиме посетете ја страната: www.samsung.com/rs

За авторот

martin