Кариера

Се што треба да знаете за престолонаследникот на Саудиска Арабија

Напишано од martin

Принцот Мохамед бин Салмна од Саудиска Арабија е вистински цар во се, освен во неговот име. Иако неговиот татко, кралот Салман бин Абдулазиз е главен во Персискиот залив, сепак тој е неговиот најстар син кој има големо влијание во државата.

Мохамед го контролира Министерството за одбрана, централната банка, Советот за економски и развојни прашања, државниот нафтен конгломерат Саудиј Арамко и богат суверен фонд за богатство. И со неговиот 81 годишен татко, кој го бие лош глас во горните ешалони на нацијата, може да биде и непосакувано за Мохамед, но ајде да видиме накратко што знаеме за човекот кој може да биде цар.

Реформатор

Принцот Мохамед вети дека ќе ја врати Саудиска Арабија во умерен ислам, брајќи подршка од глобалната заедница за да помогне во трансформирањето на тврдото, ултраконзервативното царство во повеќе либерално, еднакво и отворено општество. Политиката на принцот е негов трансформативен план за иднината, наречен Визија 2030, кој се надева дека ќе привлече значајни странски инвестиции.

Оваа политика на принцот доби и позитивни гласини, а принцот доби значителна подршка од младите на кои им се допадна идејата да за ставање на крај за забраната за возење на жените и за промоција на јавната забава. Сепак, некои конзервативни инстинкти заостануваат – принцот неодамна објави дека нафтениот имот Aramco во државна сопственост ќе биде делумно приватизиран, што го шокираше огромното мнозинство Саудијци, кои ја видоа компанијата како свето национален ентитет.

Војвода

Најголема закана за неговата модернизација на визијата е екстремизмот вграден во структурата на земјата. Во еден главен говор за прашањето на терористите и екстремистите оваа недела, Принцот вети дека ќе ги “уништи, сега и веднаш”.

Последните неколку денови сведочеа за неговата брзина преку стотиците апсења кои се случија низ целата држава, затворајќи ги оние што се залагаат за екстремизмот. Сепак, овој проблем може да биде и поголем, бидејќи голем број од членовите на Советот за виши научници (некои од нив и блиски пријатели на принцот), имаат исклучително ектремистички ставови.

Принцот Мохамед, исто така беше доста активен и по прашањата за националната безбедност. Од 2015 година, спорведе сериозни кампањи за бомбардирање во Јемен, откако Владата беше раселена од бунтовниците подржани од Иран. Иран е најголемиот против кандидат на Саудиска Арабија за моќ во регионот, а принцот даде целосно осудување за земјата Катар, кога дознал дека е во врски со Иран. 

Откако дипломираше со диплома по право на Универзитетот Кинг Сауд во Ријад, принцот Мохамед, веднаш влезе во светот на политиката. На почетокот, тој бил советник на неговиот татко, но за брзо станал гувернер на провинцијата Ријад. Неговиот брз пораст се должеше и на неговата кралска лоза како неговата огромна работна етика.

Но, она што некои го сметаа за збунетос и решителност, други го гледаа за упорност и глад за моќ. Во тоа време, кралот Абдула бин Абдулазиз го спречил принцот да стане министер поради страв од неговото нарушување и мегаломанија.

Технолог

Принцот Мохамед го најави најголемиот чекор во неговото движење за модернизација,  амбициозна слободна зона од 500 милијарди долари, која ќе го трансформира огромниот агол на Саудиска Арабија во хај-тек центар на Силиконската долина.

Проектот наречен Неом, ќе биде финансиран главно од суверениот фонд за богатство на кралството, кој Принцот го контролира, но исто така ќе бара голем број приватни, меѓународни инвеститори – прв чекор во трансформирањето на Саудиска Арабија во глобален центар.

Ова место не е за конвенционални луѓе или конвенционални компании, изјави принцот на собирот на потенцијални меѓународни инвеститори. “Ова ќе биде место за сонувачите на светот.” Наводната инспирација на принцот Мохамед за проектот е илустративна за неговата модернизација, либерална визија и неговата амбиција: тој рече дека ја добил идејата за градот додека ги проучувал приказните за пионерите Стив Џобс и Бил Гејтс.

За авторот

martin