Серии

Секој ден во ноември – нова серија на Pickbox !

foto_sekoj-den-nova-serija
Напишано од Пјер

На домашната видеотека за стриминг во ноември можете буквално секој ден да изгледате по една серија! Премиерата на третата сезона од серијата „Афера“ (The Affair), контроверзната љубовна драма што ја подели Америка, што освои три награди „Златен глобус“ и ја донесува приказната за брачното неверство дури од четири перспективи, гледачите на Pickbox можат да ја очекуваат на 21.11.

Во почетокот на ноември пристигнува целосната научно-фанастична вселенска одисеја „Борбена ѕвезда Галактикаво која, во постапокалиптичното време, го следиме екипажот во потрага по митската планета Земја.

Тука се и особено популарните серии на „Марвел“, „Агентите на Ш.Т.И.Т. и „Агентката Картер“, кои на гледачите ќе им покажат како изгледа вистинската шпионажа.

Ве очекуваат и новите серии „Добрата сопруга“ (The Good Wife), „Нешвил“, „Менхетен“ и „Мегре“.

Новите епизоди на „Бул“ и „Скорпион“ (Scorpion) гледајте ги еднаш неделно, кога пристигаат најновите епизоди. Сериите што пристигаат еднаш неделно на Pickbox се прикажуваат премиерно, само по 24 часа од нивното прикажување во САД.

Ако никогаш не сте слушнале за овие серии, вистинско време е да го посетите Pickbox. Ако сте слушнале само за некои од овие серии, вистинско време е да го посетите Pickbox. Ако сте слушнале за сите овие серии, вистинско време е да го посетите Pickbox!

гледајте ги на Pickbox и во склоп на Pickbox во видеотеката на Max tv

За авторот

Пјер

Остави коментар