Филмови

Шминка во стилот на Осмиот патник

Филмот на визионерскиот режисер Ридли Скот, Осмиот патник: Ковенант, собира голем број на фанови, па така меѓу нив се издвои и make-up артистот Кристина Мичич, која одлучи за време на премиерата за ова долгоочекувано продолжение да го наслика своето тело со култниот Alien.

Премиерата на филмот Осмиот патник:Ковенант е закажана за 17 мај, а картите можат да се набават на благајните во киното Синеплекс(Скопје).

Поставен десет години после случувањата од претходниот хит од 2012-Прометеј, во филмот Осмиот патник:Ковенант, Ридли Скот се враќа со корените од својата режија, револуционерна сага со единствена застрашувачка приказна, опојна авантура и нови чудовишни суштества.

Посадата на колонијалниот брод Ковенант е заробена на далечната планета и откриваат нешто што делува како изгубен рај, а всушност е мрачен и опасен свет. Кога ќе се соочат со заканата која никој не можеше да ја предвиди, ќе се обидат да избегаат.

Мајкл Фасбендер се враќа во улогата на Дејвид, а му се придружуваат и старите колеги, Нооми Рапас и Гај Пирс. Новото засилување го сочинуваат Џејмс Франко, Кетрин Вотерсон, Били Крудап, Дени Мекбрајд и Демијан Бичир. Премиерата во Македонија е закажана за 17 мај, додека публиката во кината ширум Македонија може да го погледне од 18 мај.

Трејлерот за филмот можете да го погледнете тука

За авторот

martin