Бизнис совети

Што е она што го правите вие, а не го можат милионерите?

Напишано од Нино

Постојат одредени навики кои ги делат успешните од не толку и богатите од удобните. Погледнете што е она што не го можат милионерите, а што го можете вие.

Работите за други

Најголемиот број, па речиси сите милионери се претприемачи. Постојат само неколку функции кои може да направат да се милионер, а да не сте газда.

Можете да спиете подолго

Извршниот директор на Apple ги испраќа своите мејлови во 04.00 часот наутро, додека основачот на Twitter ги испраќа своите мејлови во 05.30 часот наутро за да може потоа да медитира и да направи еден џогинг. Успешните понекогаш немаат доволно време за да ги завршат сите обврски, па затоа станувањето порано е од фундаментално значење за нивниот успех.

Имате слободно време за да гледате телевизија

Сите сакаме да гледаме телевизија легнати во дневната соба со нозете нагоре. Сепак тоа не го можат милионерите. Тие не само што немаат слободно време за тоа, тие слободното време го користат во читање. Трошење на слободното време за читање и учење е од клучно значење за проширување на вашиот мисловен процес и знаење.

Го избегнувате неуспехот

Понекогаш единствен начин за да направите некој успех потребно е да направите грешка и да научите од неа. Успешните луѓе постојано се среќаваат со одбивањето и не бегаат од тоа. Тие постојано се среќаваат со нови луѓе и преговараат.

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)