Мажот во очите на жената

Што мисли најпознатата манекенка од соседството за машкиот свет

Напишано од Пјер

Станува збор за светски познатата манекенка Бојана Крсмановиќ. Преубавата соседка зад која стојат фотосесии на Guess, Intimissimi, Golden Point, Sports Ilustrated и Cosmopolitan, зборуваше за нејзината професија и за машкиот свет (поточно, што тоа она бара кај еден модерен маж). Според неа за да бидеш успешен во која било бранша во светот, најпрво мора да бидеш нормален. Затоа според неа Ирина Шаик и Џиџи Хадид се професионални и успешни жени, кои веќе неколкупати ја препорачале Бојана без притоа да се чувствуваат загрозени и љубоморни. “Мора да бидеш човек пред се, за да успееш.”

Бојана се грижи за исхраната (што се гледа и по нејзининото перфектно тело) но не оди во екстреми. Затоа според неа не е на одмет еднаш месечно да се почастите со нешто малку нездраво.”Некогаш се чувствувам слаба, некогаш дебела, се зависи дали дента имам изедено пола пица или не.”

А кога темата се мажите, Бојана секогаш паѓа на шармантни момци со добри манири, а не на премногу нападни и досадни. “Моментално сум сама и фокусирана на кариерата, но во иднина сакам до мене да имам маж кој ќе сака да се мази и да ми обрнува внимание. Но најбитно од се ми е мажот да биде успешен и да биде задоволен од неговиот живот. Според мене ова е една од побитните работи во врската. Секој посебно да биде задоволен од себе, својот стил и изглед, и својата кариера”.

Незаборавајте да ја следите и на Инстаграм.

За авторот

Пјер