Технологија

Што мислите за новиот софистициран хибрид часовник?

Напишано од martin

Новиот Nokia Steel HR е мал, едноставен и многу подобар од неговата конкуренција. Паметните часовници со повеќе функции преполни во нивните куќишта можат да бидат збунувачки. Но, Nokia со својот Nokia Steel HR, создаде хибриден часовник.

Колку често мислите на вашиот срцев ритам? Ова прашање го поставивме бидејќи една од главните карактеристики на овој часовник е што ви го мери ритамот на срцето. Тоа може да помогне за време на вежбањето, кога ќе можете поефикасно да го идентификувате идеалното ниво на вежбање.

Како овој едноставен часовник може да идентификува над 10 различни активности, не можеме да сфатиме – но ние сме среќни што може. Автоматското мерење на чекори е особено добара функција. Сите знаеме дека секој ден треба да правиме 10.000 чекори, но малкумина од нас прават. Со смирувачко дрмање, часовникот не известува кога ќе го направиме овој лимит. Часовникот исто така може да ви каже колку калории сте согориле.

Овој часовник се полни бежично и тоа навистина брзо, што е навистина добро за оној што го користи.

Нема ништо полошо од непреспиени ноќи. Nokia Steel HR не само што нуди анализа на циклусот на спиење со тивок вибрационен аларм, туку исто така ви нуди можност да ги следите вашите ноќи на придружната апликација Healthmate. Само намесете кога сакате да станете од спиење, а самиот часовник ќе го следи вашето спиење, процентот на квалитето, колку пати сте се разбудиле и времето кога требало да заспиете.

За авторот

martin