Бизнис совети

Што можат претприемачите да научат од Вуди Ален?

Напишано од Пјер

Многу претприемачи имаат можност да прочитаат за она што го прави успешен бизнисменот и најдобриот начин како да се стане успешен бизнисмен. Советниците се луѓе од таа област, но понекогаш може да се научи нешто и од луѓе кои не се во истата работа, но се многу успешни во нивната. Инвеститорот и бизнисмен Џејмс Алтучер во колумна за весник наведе неколку работи кои еден претприемач би можел да ги научи од легендарниот актер и режисер Вуди Ален.

Пропуштање
Алтучер изјави дека некои од филмовите на Ален се ужасни. Но режисерот тоа го признава. Во неговото интервју за Ролинг Стоун во 1976 година, рече: “Би сакал малку да ја изневерам публиката … Сакам да истражувам некои области каде што сум несигурен и не толку добар.” Претприемачи, Вуди Ален всушност вели дека не се плаши од ризик и неуспех.

Јасновидост
Вуди Ален во интервју за Вашингтон Пост во 1977 година покажа како е добар пророкот кој вели: “.. Ние живееме на крајот на една ера. Мислам дека е само прашање на време кога гледањето на филмови дома ќе биде лесно и ефтино”. Со неговата “видовитост”, познатиот режисер докажа дека не бил роб на еден стил, форма и начин на размислување.

Флексибилност
Во претприемачкиот свет ценети се оние кои брзо препознаваат грешка и брзо се прилагодува на бизнисот во движење. Вуди Ален дури почна и да работи на филмско сценарио кое често се менува за време на снимањето. Значи, претприемачи, бидете прилагодливи и флексибилни.

Продуктивност
Вуди Ален е високо продуктивен и издава по еден филм секоја година. Исто така пишува драми, книги, раскази … Во едно интервју тој го откри својот рецепт: работете секој ден, три до пет часови и будете се малку порано.

Избегнувајте надворешно влијание
Дали некогаш сте се запрашале колку внимание во текот на денот ви одземаат некои работи кои не ви се воопшто битни?  На Вуди Ален не може да му го одземе вниманието ниту доделувањето на Оскари. Кога ја доби статуа на Ени Хол, Ален дури и не присуствуваше на церемонијата на доделувањето. Таа ноќ ја поминал свирејќи кларинет во клубот Њујорк и потоа заминал да спие, за да прочита наутро во весниците дека тој добил Оскар. И да, вечерта му бил исклучен телефонот.

Несовршенство
Вуди Ален во неколку наврати изјави дека ниту еден од неговите филмови не е навистина испаднат како што сака, и тоа дека постојано му се “несовршени.” Од таму произлегува дека тој се обидува да постигне најдобар резултат, иако знаеше дека тоа никогаш нема да се случи. Со други зборови, тој не се откажува. Значи, никогаш ништо не излегува како што сакаме, но треба да научиме како да се справиме со тоа и да продолжиме понатаму.

Доверба
Вуди Ален не се двоуми да експериментира во своите филмови, што сведочи за филмот “Мажи и жени”, кој бил снимен “камера во рацете” и полн е со брзи кадри. “Довербата која доаѓа со искуството ви овозможува да направите многу нешта кои инаку не би ги направиле во претходните филмови. Обидете се да бидете храбри и да им овозможите на вашите инстинкти да бидат слободни …”, изјави Ален во едно интервју. Значи извежбајте форма со која работите, стекнете искуство, дозволете си себеси да бидете несовршени, а потоа развивајте самодоверба и поиграјте си со формата.

Покажување
80 отсто од успехот е “покажувањето”, изјави Вуди Ален. Што треба да направите за да се покажете? Треба да најдете инвеститори, да управувате со развојот и да ги најдете првите клиенти. Морате да најдете купувачи! Тие не се појавуваат на вашата врата, туку вие мора да се појавите на нивната врата.

На кратко, од Вуди Ален може да се научи ова:
1. Станувајте рано
2. Избегнувајте да ви го одвлекуваат вниманието
3. Работете три до пет часа на ден и потоа уживајте во остатокот од денот
4. Биде перфекционист што можете повеќе, но запамтете дека несовршенство всушност доминира
5. Имајте доверба дека можете да направите нешто магично и да ги проширите границите на својот медиум
6. Напредувајте и експериментирајте

За авторот

Пјер