Кариера

Што му е потребно на секој млад професионалец на почетокот на кaриерата?

Напишано од Пјер

Кога станува збор за почетокот на кариерата, постојат неколку работи на кои секогаш треба да внимавате, а одлична вест е дека не станува збор за драстични промени.

Канцеларија во домот

За оваа намена ќе ви послужи било кој дел од домот во кој се чувствувате удобно, а имате биро, ламба и доволно место за документите. Подгответе се за фактот дека понекогаш работата ќе мора да ја „однесете“ дома со цел да ги дозавршите проектите.

Соодветна облека

Можеби описот на вашето работно место е таков што на никого нема да му пречи на работа да одите во тренерки или фармерки, но така сигурно нема да оставите впечаток на професионалец. Изберте соодветна облека, а како пример нека ви послужат и вашите колеги со одлична репутација.

Профил на Линкедин

Овој профил ќе ви помогне во самопромоцијата, се додека сликата и информациите за вас се културни и соодветни. Отворете професионален Линкедин профил кој ќе ве промовира на деловен план.

Дисциплина

Никогаш немојте да доцните, послушајте ги советите и критиките, почитувајте ги другите лица, не го повишувајте тонот, не озборувајте и трудете се максимално, без оглед колку ви е тешко. Некој секогаш ќе биде задолжен да го следи вашето однесување, а во согласност со тоа и да ве награди со повисока плата и унапредување.

Пријатели со слични интереси

Оние кои ве разбираат зошто повеќе немате толку време за дружење како претходно, оние кои ќе ве сослушаат колку непријатен работен ден сте имале, и оние од кои секогаш можете да побарате совет се пријателите кои ќе ви помогнат во текот на кариерата. Сите останати можат да ве наведат на погрешен пат, поради тоа што едноставно нема да имаат разбирање за вас и вашата кариера.

За авторот

Пјер