Селебрити

Што се поседува Морган Фримен?

Напишано од martin

Иако станува збор за сјаен глумец, тој секогаш сакал да биде пилот на борбен авион. Иако не добил шанса да лета, тој сфатил каква е навистина ралноста. Така се случило тој во Лос Анџелес да започне на часови по глума и танцување. Кон крајот на 60-тите Фримен се преселил во Њујорк каде што работел како танчер. Пред да биде познат по големите екрани тој ја добил својата прва шанса за слава во детската емисија The Electric Company. Во 80-тите тој почнал да станува популарен преку голем број на споредни улоги во доста познати филмови, а во 1985 година ги остварил своите филмски остварувања Marie и Street Smart.

Во 1989 година тој добил улога во филмот Glory и во комичната драма Driving Miss Daisy. Во деведесетите иавме прилика да го видиме во филовите The Shawshank Redemption (1994), Seven (1995) и Deep Impact (1998). Покасно тој бил повторно дел од успешни филмски остварувања како што се Bruce Almighty (2003), The Bucket List (2007), Wanted (2008), The Dark Knight (2008), Invictus (2009), и Red (2010).

Во претходните неколку години тој се појавува и во The Dark Knight Rises (2012), Olympus Has Fallen (2013), Oblivion (2013), Last Knights (2015) и Ted 2 (2015). За време на годините тој станува познат по играње на мудри ликови.

Освен глумата Морган Фримен својот моќен глас го искористил за разни други проекти и филмови, па може да го слушнеме на Discovery каналот, па понекогаш и на вестите на CBS. Исто така, тој својот глас го има употребено за рекламите на дел од најпознатите брендови, а во неговиот извештај стои дека тој заработува 2 милиони долари само од рекламите.

Во 1977 година, тој стана еден од основачите на филмската продукција Revelations Entertainment. Тој освен тоа поседува и блуз клуб кој се вика Ground Zero. Фримен живее во Мисисипи на преубав имот, но има стан и во Њујорк. На 65 години, тој ја добри приватната пилотска дозвола кога купил три приватни авиона.

Како што можевте да претпоставите, тој немал брз раст на кариерата, бидејќи тој на почетоткот имал мали улоги кои не биле многу платени.

За авторот

martin