Архитектура

Што се ви треба за модерен инстаграм машки апартман?

Напишано од Пјер

Направете го вашиот простор функционален, модерен и пријатен. Сепак, тој е одраз на вашиот карактер, и вашиот стил. Затоа следете внимателно, и оставете ги вашите гости со отворена уста, и со мобилни спремни за Инстаграм –

АДЕКВАТНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Ништо неможе да створи подобра атмосфера од убавото осветлување. Што повеќе лампи, тоа подобро.

УДОБНА ФОТЕЛЈА

На секој маж му е потребно место каде што ќе му биде удобно и ќе може да размислува, да чита или пак да одмара.

ПОЛИЦА ЗА КНИГИ

Можеби немате доволно простор за да поставите полица на целиот ѕид со книги, сепак и мала полица може да даде посебен карактер на вашиот стан. Книгите покажуваат дека сте читан дечко.

РАБОТНА МАСА

Ова е парче во кое сите мажи треба да инвестираат. Поставете ја на добра положба и нека биде ваше место каде што ќе може да ги извршувате вашите работни обврски.

УМЕТНИЧКИ ДЕЛА

Секои уметничко дело поставете го на посебно место во станот. Доколку сте млад, започнете да собирате уметнички дела кои не се скапи, но сепак го привлекуваат вниманието.

ЦВЕЌЕ

Цвеќињата (растение) на вашиот простор ќе му дадат свежина и ќе ја разбијат монотонијата. Плус девојките ги обожаваат.

МОДЕРЕН МАШКИ ГАРДЕРОБЕР

Сон на секој современ маж

ДОМАШЕН БАР

Поставете некое мало барче во вашата дневна соба, кое ќе биде добро пополнето.

БЕЛА ПОСТЕЛНИНА

Белата постелнина е супер избор бидејќи оди со било каков декор во вашата соба. Нормално дека во Дормео ќе го најдете најдоброто.

За авторот

Пјер