Настани

Скопје ќе танцува на плажа на годинешниот фестивал „Sound of Green“

Напишано од martin

Пред официјалниот старт на летото Пакомак и Password Production најaвуваат одлични музички настапи на 17 јуни сабота, во „Бла Бла Клуб“ кај Градската плажа – Парк, кои ќе се оддржат во рамките на фестивалот „Sound of Green“. Настанот е закажан за 20 часот, а ќе настапат пет бендови и артисти и тоа: Contact 59, Funk Shui, Да Џака Накот, String Forces, Dj Slave и Game Over.

Фестивалот покрај богатата музичка програма има своја оригинална цел, а тоа е да ја подигне еколошката свест и да им покаже на младите дека собирањето на амбалажниот отпад може да биде забавна и корисна работа, па така за секоја влезница посетителите треба да донесат три пластични шишиња.

„Оваа пракаса каде ја спојуваме музиката со селектирањето на амбалажниот отпад ја применуваме веќе неколку години по ред и резултатите се повеќе од одлични. Нашата крајна цел не е само да собереме што повеќе пластични шишиња туку да им покажеме на младите дека селектирањето на отпадот може да биде составен дел од секојдневието па дури и кога одите на музички концерт. За да ја смениме и подигнеме свеста за околината потребно е да се дејствува во сите можни правци и да ги анагажираме сите старосни групи бидејќи секој од нас мора да поседува еколошка одговорност како кодекс на однесување.“, вели Филип Ивановски , извршен директор на Пакомак.

Пластичните шишиња треба да се однесат на пултовите на Пакомак пред влезот на „Бла Бла Клуб“ – Јавен Алтернативен Простор на кеј, пред почеток на концертот на 17 јуни.

За авторот

martin

Остави коментар