Фитнес

Скриените ОПАСНОСТИ од вишокот масти околу струкот!

Напишано од Пјер

Дали знаете дека големиот дел од популацијата, независно од годините имаат вишок абдоминални масти ? Прво што мислат околу тој проблем е дека тоа од естетски причини не изгледа убаво, ги покрива стомачните мускули, со тоа тие не се видливи, и ги прави срамежливи околу покажувањето на нивното тело во јавност.
Како и да е, она што многумина не го разбираат е тоа што вишокот абдоминални масти не е само неубаво на изглед, туку е и опасно по вашето здравје. Научните истражувања јасно покажуваат дека генерално е нездраво да имате вишок телесни масти на телото, исто така е опасно и да имате вишок абдоменални масти.

Постојат 2 типа на масти кои се таложат во абдоменалниот дел од телото. Првиот тип се оние кои ги покриваат стомачните мускули да не бидат видливи, и се наоѓаат веднаш под кожата и над стомачните мускули и се вика поткожно масно ткиво.

Вториот тип на масти кои се таложат во абдоминалниот дел се вика висцерално масно ткиво, и се наоѓа подлабоко во абдоменот покрај мускулите и околу органите. Висцералното масно ткиво “игра улога” давајќи им на некои мажи тој облик на “пивски стомак”, изгледајки неубаво, но истовремено кога ќе го допрете е многу тврдо.

Двете масни ткива, и поткожното и висцералното се сериозни закани за здравјето, но науката докажува дека вишокот на висцерално масно ткиво е многу поопасно од вишок на поткожно. Двете го зголемуваат ризикот да заболите од срцеви болести, дијабетис, висок крвен притисок, срцев удар, проблеми со спиење, некои видови на рак и други болести.

Дел од причините зашто висцералното масно ткиво е опасно е затоа што констатнтно ослободува воспалителни молекули во вашето тело.

Ако се грижите за квалитетот на вашиот живот и на вашите сакани, намалување на вишокот телесни масти околу абдоменот (струкот), треба да е на ВРВОТ на вашите приоритети. Едноставно нема друг пат за да бидете здрави. Конечно, кога ќе ги намалите вишокот на масти, вашиот стомак ке стане рамен, а доколку изгубите доволно вишот масти, ќе може да си ги видите стомачните мускули кои сите посакуваат да ги имаат.

Што ќе ви помогне да ги намалите вишокот масти ? Дали сите оние реклама во списанија и на телевизија се вистинското решение ?

 

Првата работа што треба веднаш да ја знаете дека НЕ ПОСТОИ нешто што ќе ве смени преку ноќ. Едноставно, не се случува тоа туку така. Не постојат магични апчиња или пилули, нешто што ќе ви овозможи да јадете што сакате и сепак да слабеете. Исто така, ниту едни од тие производи кои ги рекламираат на телевизија, справи за стомачни, појаси околу струкот, нема да ви помогнат да се ослободите од вишокот на масти околу абдоменот. Не може да се фокусирате само на намалување на мастите околу струкот со некоја магична лента или апче, едноставно така работите не функционираат.

ЕДИНСТВЕНОТО РЕШЕНИЕ за долгорочно да ги намалите вишокот на масти околу абдоменот е со комбинација на добар план на исхрана со физичка активност која ќе стимулира хормонална и метаболичка реакција од телото. И двата фактора, начинот на исхрана и физичка активност се клучни за вашиот (не)успех.

Според едно истражување во кое биле поделени илјадници доброволци во две групи – оние кои се придржуваат само кон добар начин на исхрана, и друга група кои се придржуваат до добар начин на исхрана, но имаат и вклучена физичка активност. Иако двете групи во истражувањето имале значително добри резултати, оние кои изгубиле помалку абдоминални масти се оние кои САМО се придржувале кон добар начин на исхрана.

Многу важна работа која треба да се сфати е дека само некоја докажана тренинг програма нема да ви помогне многу. Големиот дел од луѓе кои пробуваат да се придржуваат кон некоја добра тренинг програма НЕ вежбаат доволно ефективно за да стимулираат топење на тврдоглавото абдоменално масно ткиво. На ова сме сведоци секојдневно во теретаните.

Многумина ќе дојдат во теретана, ќе почнат да прават некоја кардио активност со интензитет кој воопшто не е ефективен и набрзо ќе им здосади, па ќе почнат да прават некои вежби со тегови, ќе ги поминат сите машини кои постојат во теретаната и со тоа мислат дека се на добар пат кон намалување на абдоменални масти. Потоа тие се фрустрираат после неколку недели или месеци кога нема да ги добијат резултатите кои ги посакуваат прашувајќи се каде згрешиле.

Целта не е само да правите стомачни (иако тоа се дел од тренинг рутината), туку да правите тренинг кои е ефективен и кој ќе ви помогне да ги намалите абдоминалните масти. Тоа е комбинација од тежински тренинг и кардиоваскуларен тренинг. Ако почнете да го практикувате ова, резултатите ќе ве стигнат.

Единствената причина што многумина неуспеваат во нивните фитнес цели е тоа што тие полни со ентузијазам тргнуваат да го присвојат новиот здрав животен стил, и по неколку недели или месеци тие ги напуштаат нивните добри намери и се враќаат на нивните стари навики кои се причината за да ги добијат вишокот на масти околу абдоменот.

Не трошете ниту еден ден дозволувајќи тоа вишок абдоменално масно ткиво не само да ве прави да изгледате неубаво и да се осеќате лошо, туку ви ги зголемува шансите да добиете големи заболувања.

За авторот

Пјер