Најново

Специјално издание на TAG Heuer, “Formula 1 No.33 Max Verstappen

Напишано од martin

Една од најпознатите компании за часовници произведе специјална едиција на часовник “Formula 1 No.33 Max Verstappen во чест на успехот на Макс Ферштапен во светот на автомобилизмот. Преку овој часовник се нагласува големата и долгата посветеност кон трките. Како што и самиот Макс побарал, неговиот омилен број 33 е изгравиран на задниот дел од куќиштето на часовникот. Тоа е првиот број кога Макс започнал со картинг, а исто така беше и негов стартен број во Red Bull Racing TAG Heuer RB13 timu Formula 1.

Часовникот во себе има кварцен механизам, а куќиштето е произведено од нерѓосувачки челик и пречник од 43 м. Бројчаникот на часовникот е син и поседува три бели мали бројчаници со црвени и црно позлатени полирани стрелки. Од ова лимитирано издание ќе бидат произведени само 533 модели.

За авторот

martin