Задолжително

СПИЈТЕ ЗДРАВО: 7 ПРАВИЛА ЗА КУПУВАЊЕ НА НАЈДОБАР ДУШЕК

Напишано од martin

Мирен и квалитетен сон влијае на нашето физичко, но и ментално здравје. Добро одморени и наспани можеме да направиме речиси сè, поведри сме, повесели и попријатни за околината. За здравјето и за квалитетниот сон, важно е на што спиеме, па доколку сте ненаспани и безволени, размислете за промена на душекот. Еве 7 совети како да купите најдобар душек токму за вашите потреби.

Кога е време за промена на душекот?

Како и сè, и душеците имаат свој животен век. Ако немирно спиете, се будите со болки во грбот и во карлицата или сте поуморни наутро, отколку кога легнавте вечерта, крајно време е да купите нов душек.

Нов душек се купува на 7 до 9 години, но ако се работи за помалку квалитетен модел на кој лошо спиете, во тој случај потребно е да го замените и порано.

Тестирајте нов душек

Задолжително пред купувањето, теститајте го душекот. Се препорачува неколку минути да лежите на грб, потоа на левата и на десната страна, па на стомак. Размислите дали ви е удобно на тој душек, или е тврд, имате ли доволна поддршка или е премногу мек, па „тонете“ во него. Не ја тестирајте цврстината на душекот со рака, што често луѓето го прават, бидејќи вистинското доживување можете да го имате исклучиво ако легнете на него. За да си го олесните изборот, бирајте душеци што се прилагудуваат на вашето тело, како што се Дормео Fresh Prima, iMemory Silver или кој било од Air душеците, направени од пружини од пена кои се удобни, воздушести и ќе ви обезбедат индивидуална поддршка и прилагодување на телото.

Обрнете внимание на положбата во која спиете

Покрај висината и тежината, кои се најважен фактор при купување на душек, не заборавајте на омилената положба на спиење. Начинот на кој спиете влијае и на изборот на перница; класична перница е добра за сите положби на спиење, а анатомската перница е најдобар избор за оние што сакаат да спијат на страна или на грб. Ако спиете на страна ви треба душек што ќе му овозможи поддршка на вашето тело и ќе му се прилагоди, па душек направен со мемори пена или стандарден душек со над-душек со мемори пена е идеално решение за вас. Ако спиете на стомак, избегнувајте меки душеци. Наместо нив, бирајте модели во цврста површина и густо јадро, односно средно тврди и тврди душеци. За оние што најчесто спијат на грб, идеално решение би можеле да бидат душеците со пружини од пена и површина од мемори пена за поголема удобност.

Не штедете на нов душек

Кога купувате, имајте на ум дека најефтините модели најкратко траат и затоа е паметно да се инвестира во поквалитетен душек. Поефтините душеци во себе имаат помалку квалитетни пружини и облоги. Кога внатрешната и надворешната облога ќе се истрошат, тоа веднаш ќе го почувствувате на грбот и на карлицата.

Внимателно одберете го горниот слој и декоративната навлака

Ако сте склони на алергии, одберете душек со пружини од пена што овозможуваат струење на воздухот низ јадрото на душекот. Задолжително комбинирајте го со антиалергена декоративна навлака и покривка од природни влакна што придонесува за подобра циркулација и регулирање на температурата на телото. Таквите прекривки и јоргани се воздушести, меки и имаат хипоалергени својства.

Летвичките се многу важни

При купување на кревет, многумина не обрнуваат внимание на летвичките и подлогата, но подлогата во суштина го чува душекот и овозможуваат дополнителна удобност и затоа е многу важна. Постојат различни видови на подлоги, а посебно добри се летвичките низ кои воздухот циркулира. Така се спречува насобирање на влага што може да доведе до развој на грини. Кога бираме помеѓу летвички и цврста подлога, најдобро е да одбереме еластични летвички со флексибилни носачи, бидејќи се добри за сите видови на душеци.

Не го заборавајте партнерот

Понекогаш едноставно е невозможно да го најдете идеалниот душек што ќе му одговара и на вашиот партнер. Ако имате голем брачен кревет, размислите и на варијантата на двете половини да ставите различни душеци, наместо еден голем. На тој начин ќе спиете во еден кревет, но секој на свој душек што одговара на неговите потреби. Ако сепак се одлучите за еден душек за брачен кревет, повремено вртете го, за едната страна да не биде поистрошена од другата.

Пронајдете го својот идеален душек и бидете сигурни дека добриот сон ќе ви биде загарантиран. Ако сакате душек со врвен квалитет што ќе ви овозможи удобност, уживање и раскош во спиењето, нарачајте ги Fresh Prima, iMemory Silver или кој било од Air душеците и добијте ПОДАРОК Platinum Сет јорган и перница.

Повеќе инфо на: www.dormeo.com.mk

За авторот

martin