Uncategorized Живееме здраво со Polleo Sport Фитнес

Спортски суплементи и фитнес: Што треба да конзумирам пред, за време и после тренинг?

Напишано од Нино

Суплементите можат да бидат поделени во три фази околу тренингот:

Фаза 1  – Пред тренинг (Pre-workout)

Фаза 2 – За време на тренинг (Intra-workout)

Фаза 3 – После тренинг (Post-workout)

 

Фаза 1 – Пред тренинг

Во минатото, забележавме суплементи произведувани од одредени компании кои беа искучително силни стимуланси, но подоцна беа забранети од одговорни институции кои заклучија дека супстанците кои можеле да се најдат во тие суплементи се нездрави. Од овие причини, повеќето вежбачи се двоумат дали да користат ваков тип на суплементи.

Што треба да бараме во еден суплемент за пред тренинг ? 

  • Когнитивно подобрување – најдобриот начин за ова е конзумирање на доза на кофеин. Ова исто така може да помогне со намалувањето на телесните масти и зголемување на силата ако користите доза од 250-500 mg на кофеин.
  • Својство за намалување на лактичката киселина – Бета аланин  е одличен суплемент кој поради својството да влијае за непроменување на pH вредностат во мускулите; со тоа, се зголемува перформансот во оспегот од 60-240 секунди, опсег кој е идеален во сериите и тренингот кој е наменет за хипертрофија. Ова помага за забрзано опоравување и растење на чиста мускулна маса.
  • Зголемување на сила – Креатинот монохидрат е перфектен суплемент за зголемувањето на силата поради способноста за рапидно продуцирање на енергија за да се подобри работата на мускулните клетки.

Фаза 2 – За време на тренинг

Суплементите кои се користат за време на тренинг, може да варираат од додатоци кои содржат јагленохидрати до амино киселини до електролити, зависно од целта и во која фаза од тренирање сте. Перформансите исто така зависат од тоа каков вид на спортски суплементи користите кога тренирате. За оние кои се занимаваат со бодибилдинг, би имале поголем бенефит доколку би користеле суплемент кој содржи јагленохидрати, поради тоа што е поверојатно телото да го користи тој нутриент како извор за енергија, за разлика од некој чија цел е намалување на телесните масти. Кога тренирате со висок интензитет, можете да забележите дека нивоата на енергија може значително да опаднат додека вежбате. За да го избегнете овој проблем и да го зголемите вашиот перформанс, треба да користите суплемент кој содржи јагленохидрати. Ова, прекувремено ќе доведе до подобрување на перформансите и силата, а со тоа и подобрување на вашата телесна композиција.

За оние, чија цел е намалување на  вишокот килограми, од голема важност е да се задржи стекната мускулна маса, да се избегне катаболизмот и континуирано да се намалуваат вишокот на телесни масти. За да се оствари ова, мора да избегнете голема катаболичка реакција додека тренирате. Иако катаболизмот се појавува додека тренираме, ако се минимизира тоа би имале големи ефекти. За тоа, потребно ви е суплемент кој ќе ги содржи клучните амино киселини (БЦАА) и останати амино киселини кои ќе ги спречат негативните ефекти од катаболизмот.


Оние пак, кои бараат зголемени спортски перформанси додека тренираат, потребно е да конзумираат заедно електролити и јагленохидрати за да се надокнади она што се губи преку потење и интензивно тренирање. Зголемена количина на електролити исто така ќе ја намали шансата од мускулни грчеви, а конзумирањето на (брзи) јагленохидрати ќе го превенира трошењето на глукозата и ќе одржи вишок степен на перформанси. Isotec ги нуди сите овие состојки во одличен сооднос, комбинирани во еден суплемент!

Фаза 3 – После тренинг

Како најважен елемент од тоа што треба да го конзумирате после тренинг е некаков извор на протеин. Whey протеинот има најбрза стапка на апсорбција од сите видови на протеин, така што тоа е препорачливо како примарен избор за после тренинг. Протеинот е важен макронутриент кој е потребен за опоравок и регенерирање на мускулното ткиво. Покрај протеините, претпазлива конзумација на  јагленохидратите е потребна поради фактот што овој макронутриент е со цел да се надокнади изгубената енергија.

Конзумирајте суплемент кој има висока содржина на протеини по доза, како и клучните амино киселини кои се одговорни за намалување на катаболизмот и забрзување на опоравокот , како што е BCAA и глутамин. Gold Standard од Optimum Nutrition содржи 24 грама протеин по доза од 30 грама, 4 грама глутамин и 5,5 грама BCAA.

За авторот

Нино

Нино е алфа и омега за техничкиот дел, неговата работа е одржувањето на моторот кој го движи Friday. Кога не работи на Friday обично дизајнира сајтови во Why Not Communications, прописно навлечен на сите серии кои вклучуваат магии и змејови обожава кафе и музика. Доколку нешто не функционира на Friday како би требало или вашиот банер доцни со поставување тој е човекот кој би требало да го обвините :)