Автомобили

Стремеж кон перфекцијата – Peugeot 308

Напишано од martin

Промените во дизајнот го поставуваат логото на брендот во прегратка на решетката од напред, каде заедно со новата линија на предниот браник и хаубата се преточени во совршенство со остри линии адекватно на вкусот на софистицираниот клиент. Додека пак панорамскиот фиксен стаклен покрив и уникатниот светлосен потпис, кај новиот 308 умешно ја совладуваат тишината во просторот.

PEUGEOT 308 отсекогаш бил еден од најпродаваните модели на брендот, што по извршените модификации на дизајнот, технолошки напредните системи и ултра ефикасните мотори се предвидува дека така и ќе остане во иднина. Дополнително овој модел е опремен со напредни системи за „помош при возење“, уште поголемо ниво на безбедност и уживање, за што подобро искуство во возењето.

Во внатрешноста, PEUGEOT i-Cockpit® му овозможува на возачот целосна контрола со 9,7″ капацитивен екран на допир со поврзување, со 3D навигација и функционалниот Mirror Screen®.

За долги патувања, Peugeot 308 e модерен асистент со најсовремени технологии меѓу кои: детектор за замор, препознавање на знаци за брзина и препораки, автоматски кратки / долги светла, адаптивен темпомат и систем за предупредување за напуштање на лента.

Кога станува збор за моторите новиот 308 доаѓа со три 3 цилиндрични PureTech верзии на мотор кои се уште поефикасни благодарение на заштедите во однос на нивната големина и тежина. Исто така новата генерација на PureTech 130 S&S бензински мотор со директно вбризгување и нов мануелен менувач со 6 степени на пренос ќе биде достапен кај новиот 308. Оваа нова верзија на мануелен менувач обезбедува поголеми перформанси во смисла на потрошувачка и задоволство при возењето.

Новиот 308 ќе може да се поседува и со високо ефикасниот нов BlueHDi 130 S&S мотор кој воведува нов, компактен систем за контрола на емисиите. Емисиите се третираат уште при изворот но и кај издувот, обезбедувајќи помала потрошувачка на гориво за време на возењето и поефикасна контрола на емисијата. Толку економичен како мануелен менувач, новиот EAT8* автоматски менувач обезбедува брзи и флуидни промени на степенот на пренос, благодарение на новата моностабилна електрична опрема за менување на брзини Shift и Park со жица** и менувачи на педалите на управувачот.

Елегантен, шик и целосно персонализиран… Новиот 308 го потврдува својот карактер со широк избор на додатоци и опрема за да одговара на вашиот животен стил. Од изборот на материјалот до бојата на шавовите, секој аспект на ткаенина се нуди со висок степен на префинетост на деталите, а достапни ви се и 10 високо-рафинирани бои.

Ергономија, материјали, поврзаност … Го усовршивме секој детаљ за да Ви овозможиме по интуитивно возење.

За повеќе детали и за да побарате различни подуди за овој автомобил, посетете го сајтот на www.peugeot.mk.

За авторот

martin