Фитнес

Суплементи пред тренинг – 3 грешки со кои го намалувате нивниот ефект

Напишано од Пјер

Ако сакате да ги подобрите вашите перформанси за време на тренингот, pre-workout суплементите се одличен избор. Токму затоа тие се наоѓаат високо на листата на исхрана за фитнес професионалците и ентузијастите, заедно со протеините. Единствената негативна страна е тоа што ако не ги консумирате правилно, нема да ги почувствувате нивните ефекти во целост. Дознајте кои се трите грешки кои најчесто се прават при земање на суплементи пред тренинг и извлечете го нивниот, а и вашиот максимум.

1. Ги земате во погрешно време

Суплементи пред тренинг (pre-workout) – самото нивно име посочува кога би требало да се консумираат, но не во буквална смисла. Дури и поискусните вежбачи понекогаш ја прават грешката да ги земат овие суплементи баш пред влезот од теретаната, заборавајќи на фактот дека на поголемиот дел од нивните активни состојки им се потребни 30-60 минути за да се апсорбираат во крвта. Така го користат ефектот од суплементите само во текот на пола или една третина од целиот тренинг. Не се плашете дека ќе го пропуштите дејството на суплементите ако ги испиете порано – најголем ефект ќе постигнете ако ги земете 30 минути пред да одите на вежбање.

суплементи пред тренинг - грешки кои треба да ги избегнувате

2. Ги пиете на празен стомак

Ако некогаш сте испиле кафе на празен желудник, чувството ви е познато – зашеметеност, раздразливост, гадење. Ако земете суплементи кои содржат 200-300 милиграми кофеин без да јадете претходно, ќе го имате истото чувство. За да ги минимизирате ваквите несакани ефекти темпирајте еден оброк 30-60 минути пред да земете суплементи пред тренинг. Во овој оброк би требало да избегнувате растителни влакна, зрнеста и јаткаста храна, овошје и зеленчук. Потрудете се да внесете доволна количина протеини и здрави масти, бидејќи овие нутриенти дополнително ќе ви помогнат да го извлечете максимумот од вашиот тренинг.

3. Не консумирате соодветни суплементи пред тренинг

Денес има голем избор на суплементи со најразличен состав – некои од нив имаат толку долга листа на состојки што не можете ни да ја запамтите. Но, не ви се потребни минимални дози од голем број различни состојки, туку соодветна доза од состојките кои му се потребни на вашето тело за да ги издржи интензивните тренинзи. Без разлика на вкусот или брендот, вашите суплементи пред тренинг треба да содржат:

Кофеин – ви дава енергија која ви е потребна да се изборите со уморот и да издржите повеќе серии и повторувања.

Цитрулин малат – транспортира кислород и нутриенти до вашите мускули со што ви обезбедува дополнителна енергија за подобрување на вашиот перформанс.

Креатин монохидрат – ја зголемува мускулната маса и силата.

MarioFit

За авторот

Пјер